Најбараниот меч на Мундијалот: Пет милиони барања за билети пристигнаа во само 24 часа

June 27, 2026
1 min read
ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/

Колумбија и Португалија ќе го играат последното коло од Групата К на Светското првенство во Мајами во недела навечер, од 1:30 часот по македонско време. Тоа ќе биде дуел за првото место во групата, но и натпревар за кој имаше најголем интерес кај навивачите во целата групна фаза од турнирот.

По победата против Узбекистан со 3:1 и ДР Конго со 1:0, Колумбија веќе обезбеди пласман во нокаут фазата и има шест бода. Португалија има четири бода по нерешениот резултат 1:1 со ДР Конго и убедливата победа од 5:0 против Узбекистан. Со победата, Португалците го заземаат првото место, додека нерешениот резултат е доволен за Колумбија да ја предводи групата.

ФИФА објави во декември, по почетокот на рундата за продажба на билети, дека натпреварот помеѓу Колумбија и Португалија е најбараниот натпревар од групната фаза. Во првите 24 часа од продажбата, пристигнале вкупно пет милиони барања за билети за натпреварите од Светското првенство, а натпреварот во Мајами бил на врвот на интересот на навивачите.

ФИФА подоцна објави дека примила повеќе од 500 милиони барања за билети за време на тој циклус на продажба, а натпреварот Португалија – Колумбија остана најбараниот натпревар во таа фаза на продажба.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Андоновски: Државата бележи историски раст во дигиталните услуги

Следно

Два активни пожари во околината на Скопје

Latest from Blog

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи

Не дозволувајте да изгубите пари при откупот: СЕКЕ со важни совети за правилно пакување на тутунот

Со почетокот на сезоната за откуп на тутунот, компанијата СЕКЕ упати важни препораки до тутунопроизводителите за правилно пакување и чување на произведениот тутун, со цел да се зачува неговиот квалитет и да

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,
Go toTop