Најавена е промоцијата на „Исихија“, стихозбирката на Цветанка Невчева што ја доби наградата „Бели мугри“ за млад автор

November 30, 2024
1 min read

Цветанка Невчева ја доби наградата „Бели мугриˮ за поетска книга на млад автор до 35 години, која ја доделува ЈУ Дом на култура ,,Кочо Рацинˮ и истата е дел од Едицијата:  „Бели мугриˮ 2024.

Стихозбирката „Исихијаˮ ќе биде промовирана на 4 декември (среда), 2024 година во 19 часот во ЈУ Дом на култура ,,Кочо Рацинˮ- Скопје каде ќе се одржи Книжевната манифестација ,,Деновиˮ, која установата ја организира во чест на раѓањето на македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин и по повод 85 години од стихозбирката ,,Бели мугриˮ.                                      

По тој повод Филип Димкоски состави рецитал од неколку песни од стихозбирката „Бели мугриˮ. Рециталот ќе биде изведен во рамките на манифестацијата ,,Деновиˮ од страна на актерите: Марина Поп Панкова и Христијан Поп Симонов.

Свој музички настап ќе има и гудачкиот квартет – Пламенка Трајковска.

Од стиховите на Цветанка Невчева произлегува пораката што сака да ја пренесе стихозбирката ,,Исихијаˮ која гласи: Слушни ја тишината во тебе, за да се осознаеш самиот себе. Тишината си ти!

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Професор Дарко Наков: Доградбите и надградбите се најризичната категорија на градби во Македонија

Следно

Есенски барометар: Граѓаните на Македонија имаат доверба во ЕУ

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop