Најава за штрајк во ФЗО, од понеделник ќе се работат само неопходните предмети

February 2, 2024
1 min read

Од понеделник во штрајк стапуваат вработените во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување. Од Синдикалната организација на Синдикатот на УПОЗ при Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) информираат дека ќе се извршуваат само неопходните работни задачи како пријава на малолетно лице како член во осигурување, регулирање на осигурување за хоспитализирано лице и лекување во странство за итни случаи.

За прием на документи, како што информираат од Синдикатот, ќе има само по еден вработен во подрачните единици.

Вработени од ФЗО во понеделникот се собраа пред просториите на Фондот изразувајќи незадоволство од можното намалување на платите.

– Од 9 јануари со препорака од Владата, како што е срочено, се бара намалување од 21 процент. Иако Владата го препорачува тоа како усогласување согласно донесениот буџет, согласно пресметките на стручните служби тоа значи дека платите на сите вработени треба да се намалат за 21 процент, изјави тогаш претседателот на Синдикалната организација на ФЗО Бранко Аџигогов.

Според синдикатот, со одлуката ќе бидат засегнати 831 вработен во ФЗО и ако има намалување на платите, 25 проценти ќе добиваат плата под минималната, а 25 проценти колку минималната плата.

Од Министерството за финансии следниот ден појаснија дека не се работи за намалување на платите на вработените во ФЗО, туку дека се прави обид за нивно повторно зголемување кое ќе има фискални импликации врз буџетот на Фондот. Платите во ФЗО во текот на 2023 година, како што наведоа од МФ, се зголемени повеќепати и тоа 2.100 денари или околу седум отсто во март 2023 година со усогласувањето со минималната плата, зголемување од 2,5 проценти во јануари 2023 година и 3,5 отсто во август 2023 година.

– Согласно Општиот колективен договор, има предвидено зголемување од 10 отсто, како и за сите вработени во јавниот сектор. Односно, кумулативното зголемување на платите во текот на 2023 година во ФЗО е околу 25 проценти. Дополнително на ова, вработените во ФЗОМ во текот на 2023 година остварија право на регрес во нето висина од 10.000 денари. Поради фискалните импликации врз Буџетот на Фондот, Владата на РМ му препорача на УО на ФЗОМ, донесената Одлука за зголемување на вредноста на бодот, да има одложено дејство во 2025 година, од причина што за зголемување на платите во ФЗОМ, не се предвидени средства во Буџетот за 2024 година. Обезбедувањето на средствата би било возможно само со пренамена од други расходни ставки, а тоа би значело дека за зголемување на платите на вработените, ќе треба да се скратат средства за лекови и здравствени услуги за граѓаните, наведе Министерството за финансии во соопштението.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Поранешен инженер на ЦИА осуден на 40 години за објавување информации на Викиликс

Следно

РУМЕНА БУЖАРОВСКА ВО АРГЕНТИНА ГО ПРЕТСТАВИ ШПАНСКОТО ИЗДАНИЕ НА КНИГАТА „МОЈОТ МАЖ“

Latest from Blog

Наунова носител, Тоневски кандидат за градоначалник – ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе листата во Пробиштип

Во рамки на подготовките за локалните избори 2025, ВМРО – ДПМНЕ официјално ја поднесе својата советничка листа во Пробиштип. Листата ќе ја предводи професорката Александра Наунова, а кандидат за градоначалник е Тони

Димитриеска – Кочоска: Европската банка за обнова и развој ја движи модернизацијата на земјата

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) останува најактивен меѓународен партнер на Северна Македонија во реализацијата на стратешки проекти од значење за граѓаните и економијата, истакна министерката за финансии, Гордана Димитриеска –

Коњановски: „Секој тон од ‘Македонијо, во срце те носиме!’ е порака за љубов кон Македонија“

Со концерт исполнет со патриотски емоции и силни изведби, во Битола продолжи концертниот караван „Македонијо, во срце те носиме!“. Настанот привлече голем број граѓани кои заедно со изведувачите ја славеа љубовта кон

Трамп: Зеленски и Путин се мразат толку многу што не можат да дишат, ќе морам јас да ги зближам

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата ја повтори својата подготвеност да воведе нови санкции врз Русија, но постави јасен услов – посилен одговор од европските земји и сојузниците од НАТО. Во разговор

Абецедарот од 1925 година – доказ за постоењето на македонското малцинство во Грција

Во 2025 година се навршуваат точно 100 години од печатењето на македонскиот буквар – Абецедарот, издаден во Атина во мај 1925 година под покровителство на Друштвото на народите. Иако никогаш не бил
Go toTop