НАГРАДЕНАТА КНИГА „БЕРЛИН, ГРАДОТ ШТО НЕ ГО ЗАСАКАВ НА ПРВА“ ОД ПИСАТЕЛКАТА ЕНИС ХИЛМИ, ПРОМОВИРАНА ВО ОХРИД

July 20, 2025
1 min read

Пред многубројнапублика синоќа во Охрид беше промовирана збирката раскази „Берлин, градот што не го засакав на прва“ на Енис Хилми, добитничка на наградата „Новите“ од издавачката куќа Темплум, за најдобар дебитантски прозен ракопис во 2024 година.

„Книгата оддишува со шарм, но и со духовност, што е навистина редок зачин во нашата книжевност. Пишувана од лезет, со хумор и искуство, во мераклиски ритам, која исто така со лезет и се чита. После толку прочитани дела, за мене како критичар со изострен нерв и строг суд, се најдов пријатно изненадена од стилот, писмото, светогледот  на авторката Енис. Сакам да живеам во Македонија во која се пишува вака, интелигентно, духовито, урбано, забавно и поучно. Сакам да откривам луѓе, кои размислуваат волку широко и неопторавено како Енис. Сакам што и кај нас постојат вакви Жени, доволно смели и автентични за да бидат и останат СВОИ“, кажа промоторката, професорка Елизабета Шелева.

Според Шелева, Хилми низ нејзината наративна патека и интер-културална авантура, успешно како риба плива низ повеќе различни јазици, места, домови и култури. За Шелева посебно значајно во книгата е присуството на длабок, автентичен респект кон културното наследство и брендот наречен Југославија. Во време кога многумина од оние што таа земја некогаш ги задолжила, денес ја ишкаат како непожелна мува од „идентитетската“ капа, додека на други места во Европа, Југославија прогресивно се рестартира во шареноликите и мозаични берлински муабети, друштва, ритуални или секојдневни практики.

Промоторот Стефан Алијевиќ посочи дека Енис низ расказите, прогресивните ЈУ-чувства ги претвора во одбранбен механизам против насилството на заборавот, испреплетувајќи ги  со добра доза на хумор, иронија и критика, како суштински елементи на современата книжевност. Со тоа оваа патописна проза, која гравитира меѓу мемоар и автофикција на моменти, ја збогатува нашата книжевна сцена, на која ѝ недостасува ваков тип на проза.

„Кога на едно новинарско прашање, тогашниот градоначалник на Берлин, Клаус Воверајт, одговори: Берлин е сиромашен, но секси, тоа беше токму она време, кога јас почнав да го откривам овој град, што не го засакав на прва, но затоа пак подоцна во него се вљубив доживотно. И токму во градот направен по мерка на човекот, со жестоко пулсирање на средната класа, со космополитизмот и културата, прогресивноста и отвореноста, мене ми се случи  повторно да ја сретнам и засакам и Југославија, која ионака многу ја сакав“, вели Хилми, додавајќи дека денес Берлин не е повеќе сиромашен град, но затоа знае сеуште да биде секси.

Во рамките на настанот организиран од Темплум, беше претставена и книгата раскази „Danse Macabre“ од Тина Иванова, за која зборуваше промоторот Мерсиха Исмајлоска.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Левица: Фантом-фирма од Битола добива милионски тендери од ЕСМ

Следно

Шелева: Книгата „Берлин, градот што не го засакав на прва“ од Енис Хилми е напишана со лезет, со хумор и искуство, во мераклиски ритам

Latest from Blog

Најмалку 35 лица загинаа во експлозија на цистерна за гориво во Нигерија

Најмалку 35 лица загинаа денес кога експлодираше цистерна со гориво во Нигерија, според Федералниот корпус за безбедност на патиштата на земјата. Цистерната излета од патот и од неа се истури бензин, кој

Венс: Доколку Хамас не се разоружа, ќе го уништиме

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс кој денеска пристигна во Израел и зборуваше за постигнатото примирје меѓу Хамас и Израел, вечерва изјави дека верува оти тоа ќе се одржи. Потпретседателот рече дека „секој има
Go toTop