НАГРАДА ЗА ДОКУМЕНТАРЕЦОТ „МОЛК НА РАЗУМОТ“ НА КУМЈАНА НОВАКОВА НА САРАЕВСКИОТ ФЕСТИВАЛ, ПОБЕДИ ГРУЗИСКИОТ „КОС, КОС, КАПИНА“

August 19, 2023
1 min read

Документарецот „Молк на разумот“ на македонската режисерка Кумјана Новакова ја освои Наградата за човекови права на 29. Филмски фестивал во Сараево што заврши синоќа. Филмот, копродукција меѓу Македонија и БиХ, е сочинет од сведоштва и видеоматеријали од фоензичките архиви за претрпеното насилство и тортурата на жените кои вовојната во Босна и Херцеговина поминале низ камповите за силување во Фоча. Ова е втор долгометражен документарец на Новакова, по наградуваниот „Вознемирена земја“ во 2021.

Победник на Саревскиот фестивал е грузискиот „Кос, кос, капина“ на Елене Навериани кој освои Срце на Сараево за најдобар филм. (Фото: СФФ)

Победник на Саревскиот фестивал е грузискиот „Кос, кос, капина“ на Елене Навериани кој освои Срце на Сараево за најдобар филм, како и наградата за најдобра актерка за Екатерине Чавлеишвили.

Срце на Сараево за најдобра режија освои Украинецот Филип Сотниченко за „Ла Палисијада“, а за најдобар актер Јован Гиниќ од српскиот „Изгубена земја“.

Срце на Сараево за најдобар документарец освои „Флашароши“ на Немања Војиновиќ, копродукција меѓу Србија и Словенија.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија тврди дека Украина се обидела да изведе напад на Крим со ракета С-200

Следно

Скапоцени предмети од Британскиот музеј на аукција на „иБеј“

Latest from Blog

Две лица загинаа во напад на украински дрон во Белгородската област

Во напад на украински дрон врз приватна куќа во Стари Оскол во Белгородската област загинаа двајца цивили, изјави денеска гувернерот на таа област, Вјачеслав Гладков. – Избувна пожар, што доведе до делумно
Go toTop