Надал: Саудиска Арабија ги има сите можности за развој на тенисот

January 16, 2024
1 min read

Шпанецот Рафаел Надал објасни зашто ја прифатил понудата да стане амбасадор на тенисот во Саудиска Арабија.

-Каде и да погледнете во Саудиска Арабија, можете да видите раст и напредок и мило ми е што сум дел од тоа. Продолжувам да играм тенис затоа што ја сакам играта, но освен играњето сакам да помогнам спортот да се шири низ целиот свет, а има реален потенцијал за овој спорт во Саудиска Арабија. Денешните деца гледаат кон иднината и имаат вистинска страст за сите спортови. Ако можам да им помогнам да земат рекет или едноставно да влезат во форма и да уживаат во придобивките од здравиот начин на живот, тогаш ќе ми биде драго што го направив тоа, изјави Надал.

Претходно, прес-службата на тениската федерација на Саудиска Арабија соопшти дека во моментов се развиваат планови за создавање на нова „Академија Надал“.

Триесет и седумгодишниот Шпанец е 22-кратен победник на Грен слем турнирите. Тој исто така освои 92 титули во сингл во текот на неговата кариера, вклучувајќи 36 во Мастерс серијата.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Франција стопи милиони парички, затоа што ги утнале ѕвездите

Следно

НАВИСТИНА НЕ БИЛА ЦЕЦА: Еве кое македонско девојче е новата девојка на Перо Атниќ, таа е поранешна сопруга на македонскиот ракометар! (ФОТО)

Latest from Blog

ФИА со ново правило во Формула 1

Светската автомобилска федерација (ФИА) на своите социјални мрежи ги објави казните за пцуење што беа воведени на почетокот на оваа сезона. Според првичните прописи, казната за првиот прекршок можеше да биде 40.000

Втора вечер на Евровизија, Србија и Црна Гора не влегоа во финалето

Втората вечер на изборот за Песна на Евровизија го отвори Австралија, а по неа следуваа Австралија, Црна Гора, Ирска, Латвија, Ерменија, Грција, Литванија, Малта, Грузија, Данска, Чешка Република, Луксембург, Израел, Србија и Финска.

УЖАС ВО БАРСЕЛОНА: Со автомобил влета меѓу навивачите на Еспањол и ги газеше (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Страшен инцидент се случи пред вечерашното градско дерби меѓу Еспањол и Барселона во Ла Лига кога автомобил влета во толпата домашни навивачи на Еспањол притоа газејќи голем број нив. Автомобил се појави
Go toTop