Над 25 000 литри нафта се излеале во водите на Дунав во Србија

June 19, 2023
2 mins read

Нафтата, како што се наведува, се излеала од брод кој пловел под бугарско знаме. Од Министерството за заштита на животната средина на Србија велат дека помор на риби не е детектиран, а од обвинителството стигнала наредба за земање мостри од водата. Поради излевањето на нафта на сила е строга забрана за пливање во Дунав на најпопуларната плажа во Нови Сад – „Штранд“

Помеѓу 25 000 и 30 000 литри гориво се излеале во Дунав во близина на местото Челарево во Србија. Горивото, како што соопштиле од српското Министерство за заштита на животната средина, се излеало од брод кој пловел под бугарско знаме и кој бил закотвен. 

Дел од текот на Дунав во Србија/Фото: Н1

„Инспекцијата за заштита на животната средина се стави на располагање на сите служби и е во состојба на готовс и подготвена да реагира поради несреќата што се случи кај Челарево“,

соопштиле од Министерството за Танјуг, пренесува РТС. 

Оттаму додаваат дека по добиените информации, на терен веднаш излегле од надлежната инспекција и претставници на „Води на Војводина“, заедно со претставникот на секторот за вонредни состојби на Бачка Паланка, кои го следат течењето на дамката од горивото. 

 Од Министерството за заштита на животната средина на Србија велат дека помор на риби не е детектиран, а од обвинителството стигнала наредба за земање мостри од водата.  

Шефот на службата за заштита на вода на „Води на Војводина“ Јован Вигњевиќ изјавил дека според пријавата на капетанот на бродот што пловел под бугарско знаме, во Дунав кај Челарево се излеале 35 илјади литри мазут. 

 „Во моментов сме на бродот, тоа е локација на Дунав кај Челарево. Ние како „Води на Војводина“ заедно со водната инспекција, акредитираните лаборатории за заштита на животната средина, полициските служби и секторот за вонредни состојби излеговме на терен“,

рекол Вигњевиќ. 

 Како што нагласил, нафтата се излеала на површината на Дунав, во пловниот дел на реката. 

Новосадската пристанишна капетанија денеска наутро доставила извештај до покраинскиот секретаријат за земјоделство, шумарство и водостопанство дека на 1287. километар од Дунав кај Челарево се случила несреќа и дека станува збор за течност, за која постои сомневање дека потекнува од нафтени деривати,  соопштил помошникот секретар на ова тело  Немања Ивановиќ. 

 „Во истиот момент на терен е испратен и покраинскиот инспектор за води, кој е на самото место. Известени се одговорниот јавен обвинител, управителот на тие води, одговорното јавно претпријатие „Води на Војводина“ како и локалната самоуправа“,

изјавил Ивановиќ за Танјуг. 

Ивановиќ, кој е одговорен за инспекцискиот сектор во покраинскиот секретаријат за земјоделство, шумарство и водостопанство, додал дека истрагата за несреќата е во тек. 

Министерството за земјоделство соопштило дека е утврдена соодветна локација на која ќе може да се постави заштитна пловечка брана за да се „фати“излевањето на нафтата. 

„По поставувањето на заштитната пловечка завеса, нафтената дамка се одвојува од водената фаза, се складира и се отстранува“,

се вели во соопштението од Министерството. 

Поради излевањето на нафта на сила е строга забрана за пливање во Дунав на најпопуларната плажа во Нови Сад – „Штранд“. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чурлинов излезе од болница: Ова беше најтешкиот месец во мојот живот

Следно

ТРЕТО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ ЛАРВИ ОД КОМАРЦИ 19.6.2023

Latest from Blog

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот
Go toTop