Начинот за снабдување со електрична енергија во јавните претпријатија ќе се разгледува в четврток на ЗЕЛС

February 7, 2025
1 min read

Состојбата и начинот на снабдување со електрична енергија во јавните претпријатија во државата ќе биде разгледана следниот четврток на состанок на ЗЕЛС со министерката за енергетика Сања Божиновска, информира денеска претседателот на заедницата Орце Ѓорѓиевски.

Според него, треба да биде разгледано барањето на АДКОМ да влезат на регулиран пазар за помали сметки за електрична енергија, бидејќи забележа дека сметките растат последниот период во јавните претпријатија.

– Барањето произлезе од АДКОМ. Ние како ЗЕЛС сме целосни посредници во процесот и ние сме засегнати како локални самоуправи. Разговаравме со министерката и со претседателот на Владата се она што ќе претставува најдобро решение и ќе што значи најголеми заштеди во перспектива тоа ќе го поддржиме. Секогаш треба она што е најдобра опција, што ќе значи денар плус да остане за граѓаните во нашите општини тоа да биде најразумно решение кое ќе го прифатиме, изјави Ѓорѓиевски по денешната седница на ЗЕЛС.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска забележа дека голем дел од јавните претпријатија, но и одредени институции во рамките на општините плаќаат повисоки сметки за електрична енергија не излегуваат на слободниот пазар каде некогаш има и поевтина електрична енергија.

– Министерството за енергетика активно работи, ги следи овие работи со цел да види што се случува и дали треба одредена помош, бидејќи сепак темата енергетика е специфично прашање колку од овие институции разбираат што значи слободен пазар итн. Очекувам во текот на 2025 година како ќе се завршуваат договорите и ќе се склучуваат нови дека ќе се внимава и ќе се има транспарентно јавни набавки и нема да завршуваме со снабдувачи во краен случај, рече Димитриеска-Кочоска.

Посочи дека во одредено министерство каде речиси сите институции биле со краен снабдувач, сега имале јавни набавки и склучиле договори онака како што треба, и со тоа добиле многу пониски цени на електрична енергија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонскиот репрезентативец Димоски нов играч на Партизан

Следно

На расчистување на дојавите за 240 лажни бомби во училиштата, работат и Интерпол и Европол

Latest from Blog

Стриминг сервисот FilmBox+ сега е достапен за корисниците на македонскиот пазар, преку партнерството меѓу SPI International и A1 Македонија

FilmBox+, стриминг сервисот на SPI International, сега е достапен за корисниците во Македонија во партнерство со A1. Преку оваа соработка, A1 Македонија дополнително ја збогатува својата понуда на содржини и овозможува пристап

Мицкоски: Очекувам обвинителството да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор и бонусите во СЈО

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител. -Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла
Go toTop