ЕУ нема време за Македонија: БОРБАТА Е ЖЕСТОКА, ОВА ВО БРИСЕЛ НЕ МОЖАТ ДА ГО СОКРИЈАТ

July 16, 2026
4 mins read

Вистинската моќ во Европската Унија (со седиште во Брисел) е поделена меѓу три главни групи. Бидејќи ЕУ не е една земја, ниту едно лице не е „задолжено“ биде шеф. Наместо тоа, лидерите постојано се борат и преговараат за да донесуваат одлуки.

Трите главни играчи на моќ се: Стратезите (Европскиот совет): Оваа група е составена од 27-те претседатели и премиери на земјите-членки. Тие одлучуваат за целите на „големата слика“ за ЕУ. Постојан претседател на Европскиот совет е Антонио Коста.

Владата (Европската комисија): Ова е извршната власт која изготвува закони, управува со буџетот и се занимава со секојдневните работи. Ја предводи претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

Пратениците (Европскиот парламент): Оваа група ја избираат директно граѓаните на ЕУ. Тие гласаат за и ги менуваат законите предложени од Комисијата. Роберта Мецола е претседател на Парламентот. Кој ја добива борбата за моќ?

Овие три групи мора да се согласат за да се заврши сè. Сепак, постои постојано влечење јаже. 27-те лидери на земјите често се борат со централната влада во Брисел за контрола врз парите, границите и надворешната политика.

Вистинската битка во ЕУ се води за тоа кој ќе ја има контролата врз надворешната политика на Унијата. Многу суштински несогласувања до скоро се криеја под тепих, но од неодамна конфликтите излегоа на виделина, а прашањата поврзани Израел, како еден дел од несогласувањата, се само повод.

Ретко кога институционалните судири во ЕУ стануваат видливи за пошироката јавност. Најчесто тие остануваат зад затворени врати, во дипломатски белешки, правни мислења и бескрајни состаноци на европските тела. Но расправата околу можната забрана на трговијата со производи од израелските населби на окупираните палестински територии ја отвори токму таа долго прикривана дилема. Имено, кој навистина ја води надворешната политика на Европската Унија?

Додека министрите за надворешни работи на земјите членки расправаа дали Унијата треба да воведе ограничувања или целосна забрана за трговијата со населбите освоени од Израел што, според меѓународното право, се нелегални, во Брисел избувна уште еден конфликт. Не помеѓу Израел и Европа, туку внатре во самата Европска Унија.

Од едната страна се најде претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, а од другата високата претставничка за надворешна политика и безбедност Каја Калас, поддржана од Европската служба за надворешно дејствување (ЕЕАС). Формално, спорот беше околу правното мислење за можните санкции против израелските населби. Суштински, станува збор за прашањето кој има право да ја дефинира и да ја претставува европската надворешна политика.

Израел како катализатор

Франција, Шпанија, Белгија, Ирска, Холандија и Шведска побараа Европската Унија да воведе забрана за трговија со производите што доаѓаат од израелските населби на окупираниот Западен Брег. Аргументот им беше едноставен, односно во една реченица би се формулирал на овој начин:

Имено, доколку ЕУ официјално ги смета населбите за нелегални според меѓународното право, тогаш економската соработка со нив ја доведува во прашање доследноста на сопствената политика.

Високата претставничка Каја Калас побара Европската комисија (ЕК) да подготви правна анализа што би покажала кои се можните инструменти за ограничување на трговијата. Но документот што конечно пристигна до земјите членки не содржеше препорака. Наместо тоа, понуди неколку сценарија, како на пример построги дозволи за увоз, високи царини или целосна забрана, без Европската комисија (ЕК) да заземе политички став.

Тоа беше доволно за дипломатите да оценат дека Европската комисија намерно го одолжува процесот. Еден висок дипломат од земја што ја поддржува забраната јавно признал дека соработката со Европската комисија „не била особено плодна“. Но многумина дипломати истакнуваат дека „зад оваа дипломатска формулација стои многу подлабок проблем“.

Каде завршува Европската комисија (ЕК), а каде почнува европската дипломатија?

Лисабонскиот договор се обиде да создаде единствен европски глас во светот. Затоа беше создадена функцијата висок претставник за надворешни работи и безбедносна политика. Истовремено беше формирана Европската служба за надворешно дејствување – практично дипломатска служба на Унијата, со повеќе од 140 делегации низ светот. Која беше идејата?

Имено, според експертите за ЕУ, Европската комисија (ЕК) треба да ја води економската и регулаторната политика. Потоа, Европскиот совет (ЕС) да ги претставува владите. Натаму, „високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика“ да ја координира и претставува заедничката надворешна политика. Сето ова на хартија и како теоретски модел изгледаше многу јасно. Но во пракса никогаш не функционираше целосно.

Причината е што претседателот на Европската комисија (ЕК) располага со многу поголем политички авторитет, финансиски инструменти и административен апарат отколку високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика. Со текот на времето, особено за време на мандатот на Урсула фон дер Лајен, Европската комисија постепено почна да навлегува во просторот што формално му припаѓа на европскиот дипломатски сервис.

Од „геополитичка Европска комисија“ до паралелна дипломатија

Кога Урсула фон дер Лајен ја презеде функцијата во 2019 година, таа најави дека ќе создаде „геополитичка Европска комисија“. Во тоа време изјавата беше сфатена како амбиција Европа да стане повлијателен глобален актер. Но во институциите многумина ја разбраа поинаку. Практично, Европската комисија почна сама да ги презема иницијативите што претходно беа резервирани за европската дипломатија.

Пандемијата, енергетската криза, судирот на Русија со Украина, санкциите кон Москва, политиката кон Кина, односите со САД и сега конфликтот на Блискиот Исток постепено ја претворија Европската комисија во институција што најчесто ја претставува Европа на меѓународната сцена. Високиот претставник честопати остануваше во втор план. И според сите соговорници, ова не беше само прашање на личен политички стил, туку тоа беше постепено префрлање на тежиштето на европската надворешна политика.

Жозеп Борел беше првиот сигнал

Пред Каја Калас, истите проблеми ги чувствуваше и нејзиниот претходник Жозеп Борел. Во дипломатските кругови одамна се зборуваше дека односите меѓу него и кабинетот на Урсула фон дер Лајен не се “идеални“. Особено по почетокот на војната помеѓу Русија и Украина.

Додека Борел настојуваше Европската служба за надворешно дејствување да биде главниот дипломатски координатор, претседателката на комисијата директно ги водеше разговорите со Вашингтон, Киев и со лидерите на Г7.

Не случајно европските аналитичари тогаш почнаа да зборуваат за постоење на „две европски дипломатии“ – една формална и една политички многу помоќна. Денес, актуелниот случај со Израел е „капката што ја прели чашата“ и го направи овој внатрешен судир во ЕУ видлив и за јавноста.

(Нова Македонија)

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Началникот на Вооружените сили на Германија: Македонија е значаен фактор на стабилност во Југоисточна Европа

Следно

Тухел веднаш да си даде оставка, ова не се простува!

Latest from Blog

Началникот на Вооружените сили на Германија: Македонија е значаен фактор на стабилност во Југоисточна Европа

Република Северна Македонија претставува значаен фактор на стабилност во Југоисточна Европа, рече началникот на Вооружените сили на Германија, генерал Карстен Бројер, кој е во официјална посета на Армијата. dobivaj vesti na viber

САД инвестираат милијарди во критични минерали, Македонија сè уште го чека Иловица

Критичните минерали стануваат сè поважен ресурс за глобалната економија, а САД вложуваат сериозни средства за да обезбедат стабилно домашно снабдување. Американската администрација донесе одлука за создавање стратешки резерви од критични минерали во

Меси испиша историја, па го спомна и Марадона: Ова е мој подарок за него…(ВИДЕО)

ФОТО: Instagram Аргентина ќе се бори за својата четврта титула на Светското првенство, и втора по ред, откако „гаучосите“ го обезбедија своето место во финалето на Светското првенство во 2026 година со
Go toTop