Началникот на Генералштабот: „Борбената готовност на Армијата е на потребното ниво“

December 25, 2023
2 mins read

СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Северна Македонија и врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски, беше информиран за борбената готовност и реализацијата на плановите и задачите на Армијата на Северна Македонија во текот на 2023 година, пренесува Анадолу.

Во соопштението испратено од Генералштабот на Армијата се вели дека за време на брифингот, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, и директорот на Генералштабот пред претседателот Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, генералите во Армијата, претставници од Кабинетот на претседателот и раководните лица во Министерството е претставена состојбата во Армијата според функционалните области кои влијаат на борбената готовност.

„Во заклучокот од страна на генералот Ѓурчиновски е констатирано дека борбената готовност на Армијата е на потребното ниво кое овозможува успешно извршување на задачите и дека во тековната година успешно се реализирани сите планирани задачи. Притоа е истакнато дека командите и единиците на Армијата навремено и професионално ги реализираа сите планирани активности во изведување на обуката според стандардите на НАТО, како и дека процесот на трансформација и модернизација и учеството во операциите во странство се спроведуваат со планираната динамика“, се вели во соопштението.

Пендаровски истакна дека и во 2023 година припадниците на Армијата ја докажале својата професионалност, посветеност и подготвеност. Тој ги реафирмираше своите заложби за натамошно подигнување и одржување на квалитетен стандард и услови за работа и служба на сите припадници на Армијата и за достигнување на зацртаната цел, два отсто од БДП да се одвојува за одбраната.

Министерката Петровска на годишниот редовен брифинг за борбената готовност на Армијата порача дека и во 2024 година ќе продолжи стабилното инвестирање во одбраната и во Армијата. „Следната година“, рече Петровска, „Северна Македонија со 2 % од БДП одвоени за одбрана и една третина од овие средства за модернизација, ќе ги исполни двата критериуми кои беа заеднички усвоени на Самитот на НАТО во Вилнус.“

– Активностите на Армијата на Северна Македонија

Армијата на Северна Македонија во текот на 2023 година со околу 700 свои припадници учествуваше на повеќе меѓународни вежби во земјата и во странство, меѓу кои земјата беше домаќин на вежбата „Брз одговор 23“, што се изведуваше на АП „Криволак“ и на која учествуваа околу 1.850 припадници на армиите на четири НАТО-земји.

Во меѓународните операции, Армијата на Северна Македонија годинава учествуваше во операциите на НАТО „КФОР“ во Косово, „Зајакнато истурено присуство“ во Летонија и т.н. „Активности на зголемена будност“ во Бугарија и Романија, мисијата на ЕУ „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, мисијата на ОН – „УНИФИЛ“ во Либан со учество на штабни офицери, каде што учеството се зголеми на два пешадиски вода и штабни старешини.

Армијата во текот на годината ја покажа и својата солидарност со НАТО-сојузниците со ангажирање на своите припадници во справување со последиците од природните катастрофи. Покрај учеството на 60 припадници во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните од катастрофалниот земјотрес во Република Туркије, 100 припадници на Армијата учествуваа во справувањето со последиците од поплавите во Словенија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од среда Новогодишен караван во Кисела Вода со Дедо Мраз, пакетчиња и многу забава

Следно

Рускиот амбасадор во Белград: Вучиќ има непобитни информации дека Западот поттикнува протести во Србија

Latest from Blog

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

СДС е „кукла на конци“ под диктат на Заев, со пропадната ПР стратегија од Башановиќ и Шчекиќ, Филипче е без кредибилитет и ја води партијата кон исчезнување

СДС како партија е „кукла на конци“, која се движи според агенда поставена од други, наместо од сопственото членство или јавностa, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на претседателот на СДСМ Венко Филипче.
Go toTop