На затворена судска седница сослушан мажот кој пукаше во двете српски момчиња, неговиот адвокат вели дека пукал во самоодбрана

January 8, 2023
1 min read

За да се заштити од опасноста, според адвокатот, неговиот клиент пукал двапати, но не во толпата која наводно му се заканувала, туку еднаш во воздух и еднаш во асфалтот. Притоа, како што дополнил, тој не знаел дека во пукањето биле повредени двете момчиња

Во Основниот суд на Урошевац денеска се одржала затворена судска седница на која бил сослушан 33-годишниот Азем Куртај, осомничен за ранувањето на двете момчиња од српска националност врз кои беше пукано од возило во движење на 6 јануари.

Сослушувањето било затворено за медиумите, а од Судот информирале дека донесената одлука ќе биде соопштена преку писмено соопштение.

По седницата, адвокатот на осомничениот, Наим Ферати, изјавил дека неколку секунди пред инцидентот кој се случи пред два дена, Куртај бил нападнат со некој предмет и бил навредуван, по што пукал во самоодбрана.

„Во петокот попладне мојот клиент заедно со неговиот пријател патувале за Брезовица, кога одеднаш на патот ненајдено биле блокирани од толпа луѓе кои славеле, по што ненадејно биле нападнати“,

рекол адвокатот Ферати.

За да се заштити од опасноста, според адвокатот Ферати, неговиот клиент пукал двапати, но не во толпата која наводно му се заканувала, туку еднаш во воздух и еднаш во асфалтот. Притоа, како што дополнил, Куртај не знаел дека во пукањето биле повредени двете момчиња.

„Тој пукал еднаш во воздух за да ја растера толпата. Поради околностите и нападот што го претрпел во тие моменти, бил принуден повторно да пука кон земјата, овојпат кон асфалтот и во тие моменти успеал да го напушти местото, без да знае дека може некој да е повреден“,

додал адвокатот, посочувајќи дека неговиот клиент од социјалните мрежи дознал дека има повредени во пукањето.

Согласно тоа, адвокатот заклучил оти 33-годишникот немал намера да пука или повреди некого, туку дека пукал во самоодбрана, а тоа, како што додал, го потврдила и мајката на повредениот 11-годишник, Зорица Стојановиќ, која во изјава за српските медиуми изјавила дека „не било пукано во момчињата, туку на асфалтот“.

Двете српски момчиња Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21) беа ранети на 6 јануари кај Штрпце  откако во нив беше пукано од возило во движење кога без причина, локален Албанец, пукал во нив од возило во движење, соопшти во петокот Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Србија.

По нападот, осомничениот 33-годишник со иницијали А.К., патем припадник на Косовските безбедносни сили, беше уапсен од косовската полиција.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ал Наср се раздели со Абубакар за да го регистрира Роналдо

Следно

Објавени фотографии од Иранецот кој планирал терористички напад со смртоносни отрови во Германија

Latest from Blog

Повторно достапни закажувањата за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош преку националниот портал за е-услуги

На барање на бројни граѓани и поттикнати од интересот на медиумите, Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека електронската апликација за закажување термин за издавање на лични документи повторно е достапна

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина
Go toTop