На воен полигон на Крим изби пожар, нема жртви

July 19, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) -На воен полигон на источниот дел на полуостровот Крим, кој е под руска контрола од 2014 година, избувна пожар, соопштија локалните власти, пренесува Анадолу.

Поради пожарот, кој избувна синоќа, затворен е главниот пат – автопатот „Таврида“, напиша на Телеграм гувернерот Сергеј Аксјонов.

Официјално лице информираше дека повеќе од 2.200 лица од четири населени места се евакуираат од зоната во близина на полигонот, кој се наоѓа во областа Киров.

Аксјонов рече дека пожарот не предизвикал жртви, а причините за неговото избувнување се истражуваат.

Олег Крјучков, советникот на Аксјонов, изјави дека сообраќајот е пренасочен.

Автопатот „Таврида“ минува преку полуостров Крим открај докрај и служи како главна артерија за неговиот патен систем.

Најмалку две лица загинаа, а едно дете е тешко повредено во експлозијата што се случи рано во понеделникот на мостот Керч, кој ги поврзува Русија и полуостровот Крим.

Рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Украина дека стои зад нападот, велејќи дека Министерството за одбрана подготвува „соодветни предлози“ како одговор на експлозијата.

Украинските власти ниту ги потврдија ниту ги демантираа тврдењата на Русија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Суарез сака да го раскине договорот со Гремио и да се пресели во Интер Мајами

Следно

Русија ќе тргнува на Харков?

Latest from Blog

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop