На северот на Косово досега во „РКС“ таблички пререгистрирани се околу 1.500 возила

November 15, 2023
1 min read

СЕВЕРНА МИТРОВИЦА (АА) – На северот на Косово, за две недели, од кога е отворен новиот рок за пререгистрација, околу 1.500 возила се регистрирани со легалните „РКС“ таблички, јавува Анадолу.

Владата на Косово одлучи да овозможи пререгистрација на возилата од старите српски во „РКС“ таблички од 1 ноември до 1 декември 2023 година. Оваа одлука, како што посочуваат од Владата во образложението, е резултат на големиот број барања за пререгистрација на возилата.

Граѓаните кои живеат во северниот дел на Косово деновиве слободно доаѓаат и вршат пререгистрација, што до пред неколку недели беше речиси незамисливо поради стравот дека ќе им бидат запалени возилата.

Екипата на Анадолу затекна неколку возила кои чекаа ред за технички преглед во Северна Митровица, за пререгистрација на табличките во „РКС“ таблички. Повеќето лица не беа расположени да зборуваат за медиумите.

Еден од ретките кои се согласи е Драган Костиќ од селото Слатина, кај Вучитрн, кој од крајот на војната во Косово во 1999 година живее во селото Грабовац во Општина Звечан.

„Денеска дојдов да го пререгистрирам овој „кец“ од „КМ“ во „РКС“. Одлучив затоа што нема друг излез. Живеам во држава која ние како божем не ја признаваме, но таа е призната, реално да говориме. Цел свет ја призна, а јас демек ‘не сакам’“, изјави Костиќ.

Костиќ напомена дека досега слободно можел да го вози својот автомобил со „КМ“ таблички. Додава дека уште минатата година бил свесен дека треба да изврши пререгистрација, но се плашел да не му го запалат автомобилот или да го претепаат.

Меѓутоа, голем дел од граѓаните од српската заедница кои живеат на северот на Косово одлучија да ги пререгистрираат своите возила во Србија, па така на улиците низ Северна Митровица најмногу може да се забележат возила со ознаки на градовите во Србија како „НП“, „БГ“, „КГ“ „ЛЕ“ и други.

Од Министерството за внатрешни работи на Косово напоменуваат дека до 1 декември 2023 година граѓаните ќе имаат можност да ги искористат поволностите за регистрација во регистарски таблички на РКС, кои вклучуваат царина, административна такса во Центарот за регистрација на возила, такси за регистарски таблички и такси за опрема со потврда за регистрација на возилото.

По 1 декември 2023 година, на сопствениците на возила со стари српски регистарски таблички нема да им биде дозволено да ги регистрираат со регистарски таблички на РКС, ниту да се движат на или преку територијата на Република Косово.

Според проценките, на северот на Косово има околу 10.000 возила кои не се пререгистрирани во „РКС“ таблички. Минатата година, прашањето за регистарските таблички доведе до излегување на Србите од косовските институции на централно ниво и од сите локални институции на северот на Косово, вклучително и полицијата и судството.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во кумановско пронајдени 12 мигранти од Непал во возило управувано од српски државјанин

Следно

Русија и Унгарија потпишаа договор за изградба на нуклеарната електрана Пакс-2

Latest from Blog

Шукова: Чиста животна средина, приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори 

Животната средина треба да ја гледаме како предност, не како трошок, тоа е еден од секторите кои исто така треба да го усогласиме со европските регулативи, порача потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на

Ракометарите на Македонија убедливи против Литванија за нов пласман на ЕП 2026

Најдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија ќе ја продолжи низата настапи на големи натпреварувања, започната во далечната 2012 година. Македонија го избори деветтиот пласман на ЕУРО, што е 15 големо натпреварување во

Скопје и регионот зафатени со силно невреме – силни врнежи од дожд и засилен ветер

Скопје и скопскиот регион вечерва се зафатени со силно невреме, односно силни врнежи и грмежи, како и засилен ветер од западен правец, соопштија од УХМР. Невреме има и во кумановско-кратовскиот регион. Претходно
Go toTop