На самитот во Хаг се очекува да се потврди Албанија како домаќин на самитот на НАТО во 2027 година

June 20, 2025
1 min read

Се очекува самитот на НАТО, следната недела во Хаг да ја потврди Албанија како домаќин на самитот на Северноатлантската алијанса во 2027 година.

Според албанските медиуми, кои се повикуваат на Радио Слободна Европа Нацрт-декларацијата „потврдува дека Албанија ќе биде домаќин во 2027 година”.

Овогодинешниот самит на НАТО се одржува во Хаг, Холандија, следната недела, додека самитот во 2026 година ќе се одржи во Турција.

На крајот од нацрт-декларацијата се наведува: „Изразуваме благодарност за топлото гостопримство на Кралството Холандија. Со нетрпение го очекуваме нашиот следен состанок во Турција во 2026 година, по што ќе следи состанок во Албанија.“

Според нацрт-декларацијата, лидерите на НАТО ја потврдуваат својата посветеност на колективната одбрана согласно Член 5 и својата решеност да ги заштитат граѓаните и демократијата. Тие ветуваат дека ќе ги зголемат трошоците за одбрана на најмалку 5 проценти од БДП до 2032 година, 3.5 проценти за воени капацитети и 1.5 проценти за критична инфраструктура, иновации и одбранбена индустрија.

Поддршката за Украина останува силна и ќе биде вклучена во пресметките за трошоците за одбрана. Алијансата, исто така, се обврзува на зајакнување на заедничката одбранбена индустрија, отстранување на трговските бариери и промовирање на технолошката соработка меѓу сојузниците, според нацрт-изјавата.

Албанскиот премиер Еди Рама уште минатото лето објави дека Албанија ќе биде домаќин на Самитот на НАТО во 2027 година.

Албанија е дел од НАТО од 2009 година и ова ќе биде првпат да биде домаќин на ваков самит.

НАТО има воздухопловна база во Албанија, поточно во Кучово, единствената во регионот на Западен Балкан, која беше отворена во март 2024 година, откако НАТО инвестираше приближно 50 милиони евра, додека албанската влада повеќе од 5 милиони евра.

Албанија, исто така, е во преговори со НАТО за изградба на поморска база во Порто Романо на јадранскиот брег, кај Драч.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОЈО Охрид отвори истрага за тешка сообраќајка – двајца осомничени за загрозување на безбедноста

Следно

Ердоган: Турција ги користи сите дипломатски средства за стабилност не само на Кавказот, туку и во целиот регион

Latest from Blog

ВЛЕН: Завршува ерата на партиски договори, правичната застапеност се уредува со обврзувачки закон

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека се затвора едно од најдолготрајните и најзлоупотребувани политички прашања – правичната и соодветна застапеност. Како што наведуваат од ВЛЕН, новиот Закон за правична и соодветна застапеност претставува конкретен

Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата каде се отфрлаат и поништуваат сите аранжмани и политики на владата на Заев поврзани со мигрантите

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: „ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците од коалицијата, поднесе до Собранието на Република Македонија, Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција. Поради ширењето
Go toTop