Ердоган: Турција ги користи сите дипломатски средства за стабилност не само на Кавказот, туку и во целиот регион

June 20, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турција ги користи сите дипломатски средства за да воспостави стабилност не само на Кавказот, туку и во целиот регион, истакна турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на средбата со ерменскиот премиер Никол Пашинјан, кој престојува во работна посета на Турција, јавува Анадолу.

Исто така, нагласувајќи ги тековните ангажмани со другите лидери за спречување на ризиците што произлегуваат од ескалацијата на циклусот насилство предизвикан од нападите на Израел врз Иран, Ердоган ја истакна важноста на консензусот постигнат во тековните мировни преговори меѓу Азербејџан и Ерменија, имајќи го предвид сегашниот контекст, соопшти Директоратот за комуникации при турското Претседателство на платформата X.

За време на средбата меѓу Ердоган и Пашинјан дискутирано е и за актуелните регионални случувања, контактите меѓу Анкара и Ереван и процесот на мир и дијалог во Јужен Кавказ.

Турскиот претседател, исто така, потврди дека Турција ќе продолжи да обезбедува широка поддршка за напорите насочени кон развој на регионот, врз основа на „вин-вин“ пристапот.

На средбата, исто така, разгледани се можните мерки што треба да се преземат како дел од процесот на нормализација меѓу Турција и Ерменија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На самитот во Хаг се очекува да се потврди Албанија како домаќин на самитот на НАТО во 2027 година

Следно

Борнмут и Ливерпул го договорија трансферот на Керкез

Latest from Blog

Партијата на Путин убедливо победи на изборите на руската Државна дума

Според првичните резултати, владејачката „Единствена Русија“ освои најмногу гласови, додека втора беше Комунистичката партија на Русија. „Единствена Русија“ освои 57,54 отсто од гласовите според првите обработени податоци, соопшти Централната изборна комисија на

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за
Go toTop