На Попова Шапка утрово измерени -12 степени

January 30, 2023
1 min read

Во повеќе градови и населени места, како и на планините утрово беа измерени минусни температури. Најниска беше температурата на Попова Шапка -12 степени, во Маврови Анови беа измерени -7 степени, во Берово и Крушево -6, во Дебар -4, во Струмица и во Охрид -3, во Прилеп, Претор и Крива Паланка -2, во Битола и Виница -1, во Куманово, Штип и Тетово 0 степени, во Скопје-Зајчев Рид и Скопје-Петровец еден степен, во Демир Капија, Дојран и Гевгелија два степени.

Најмногу снег има на Попова Шапка 76 сантиметри, во Маврови Анови 16, во Лазарополе 10, во Крушево шест и Ѓуриште три степени.

Утрово на повеќе места е значително облачно, а делумно намалена облачност има во јужни те делови.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, наместа со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 5 степени. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателот на ЕПП е за подигнување ограда на надворешните граници на ЕУ

Следно

Демостат: Србија ќе биде членка на ЕУ до 2030 година доколку го прифати европскиот план за косовското прашање

Latest from Blog

ХРАНА: Во американско-израелските напади во Иран се убиени над 3.000 луѓе

Помеѓу загинатите најмалку 1.319 се цивили од кои 206 се деца, соопшти ХРАНА повикувајќи се на податоците добиени од активистичките мрежи во Иран и од информации од здравствениот сектор. Според ХРАНА, убиени

Зимски циклон со центар над Јонско море следната недела ни носи заладување, дожд и снег

По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море,
Go toTop