На почетокот на следната година, стартува доградбата и надградбата на основното училиште „Блаже Конески“ во Аеродром

December 19, 2023
1 min read

Капиталните проекти во делот на образовната инфраструктура се уште една потврда за заложбата на Општина Аеродром да обезбеди модерен и современ образовен процес каде учениците и наставниот кадар ќе имаат соодветни услови за реализација на наставата. Во таа насока, на почетокот на 2024 година започнува надградбата и доградбата на основното училиште „Блаже Конески“, информираа денеска од општина Аеродром. 

Доградбата ќе се одвива во две фази за да се овозможи функционалност на објектот во текот на целата година. Проектната документација предвидува доградба на 26 училници, 13 наставнички кабинети, голем централен хол, просторија за библиотека, дополнителна спортска сала и трпезарија со кујна на вкупна површина од околу 2500 квадратни метри. Делот од училиштето кое е во добра состојба ќе биде задржан во постојниот габарит и истиот ќе биде поврзан со топла врска со новоизградениот објект.

Градоначалникот Муцунски на својата Фејсбук страна истакна дека проектите во образовната инфраструктура се инвестиции во младите, иднината на општината и државата и дополни дека завршување на доградбата и надградбата значи и реализација на едно важно ветување пред граѓаните и проект со кој директно ќе се овозможи модерен и современ образовен процес за сите ученици. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Maричиќ: Отворањето на поглавјата со ЕУ не може да се реализира поради блокадата од ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Новогодишно Скопје во Кралството Југославија VS Денешното новогодишно Скопје

Latest from Blog

НА ЦРНИОТ ПАЗАР ВО КАН БИЛЕТИТЕ ЗА ПРЕМИЕРИТЕ СО ЦРВЕН КИЛИМ И ЗАБАВИТЕ СЕ ПРОДАВААТ ЗА 6.000 ДОЛАРИ

Црниот пазар за забавите и свечените премиери на Канскиот филмскИ фестивал е жив и здрав, според листата што ја виде филмското списание „Скриндејли“. Една од најскапите понуди е пар билети за премиерата

Арсовска во Аргумент плус: Инспекциските служби на Град Скопје работат со полна пареа

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во Аргумент плус рече дека, инспекциите на Град Скопје работат со полна пареа и поркај сите притисоци. Според неа, за хаваријата во Пинтија изречена е највисоката

Сити се откажа од Флоријан Вирц

Манчестер Сити се откажа од ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, тврди Фабрицио Романо. „Граѓаните“ никогаш не биле во напредни преговори за офанзивниот играч од средниот ред. Англискиот клуб верува дека Вирц

Чаир започна со чистење на отпадот – Град Скопје ја сопре иницијативата

Општина Чаир презеде иницијатива за чистење на отпадот на нејзина територија. Според градоначалникот, Висар Ганиу, со ова сакале да му помогнат на Град Скопјe во одржувањето на хигиената. Додава дека градот не
Go toTop