На пациенти во „8-ми Септември“ им се направени и операции, доктор Стојаноски објасни што е превземено

March 19, 2025
1 min read

Во Градската општа болница „8 Септември“ во моментов се хоспитализирани 15 пациенти повредени во ужасниот пожар што се случи во Кочани. Од нив е планирано уште тројца да бидат испратени во странство.

Директорот, доктор Синиша Стојаноски ги посочи новите детали за бројот на хоспитализирани пациенти.

-Состојбата и утрово после утринскиот пресек е дека состојбата кај пациентите во однос на виталните параметри е стабилна. Во однос на тоа какви операции се изведуваат, тоа се операции кои заедно со тимовите кои се дел од помошта која дојде од специјализираните центри, станува збор за отстранување на изумреното некротично ткиво, оштетено од изгорениците и давање простор тие рани полека да почнат да зацелуваат. Треба да имаме предвид дека овие неколку денови не само што се мониторираше потенцијалното влошување на пациентите, туку мораа да се санираат и повредите на оние пациенти кои што не беа критични во прва фаза ниту беа во животозагрозувачка состојба. Тие неколку процеси на тријажа, мониторирање и прераспределба согласно тежината на нивната клиничка слика одеа паралелно, истакна тој.

Стојаноски посочи дека во континуитет се правеле преврски на раните, но и се гледало она ткиво кое е изумрено да се отстранува  за раната да почне да заздравува.

 

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Изразувам сочувство за загинатите во Кочани, на повредените им посакувам брзо заздравување

Следно

Зеленски: Изјавите на Путин за прекин на огнот се „во спротивност со реалноста“

Latest from Blog

Премиерот замина на одмор

Премиерот, Христијан Мицкоски, замина на најавуваната екскурзија во Белгија, за која самиот рече дека ќе ја помине со четири дена престој во Бриж и четири во Брисел. Но од Владата за Телма

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе
Go toTop