Ердоган: Изразувам сочувство за загинатите во Кочани, на повредените им посакувам брзо заздравување

March 19, 2025
1 min read

Претседателот на Република Туркије, Реџеп Тајип Ердоган упати писма со сочувство за загинатите во трагедијата што се случи во Кочани до претседателката Гордана Сиљановска Давкова и до премиерот Христијан Мицкоски.

– Со длабока жал ја примив веста за лицата кои загинаа и се повредија при пожар што се случи во градот Кочани, Северна Македонија. Изразувам сочувство до Вашата Државничка Висост и сите граѓани на братска и пријателска Северна Македонија, на чело со блиските на загинатите, додека на ранетите им посакувам брзо заздравување – се вели во писмото од турскиот претседател Ердоган.

Амбасадорот на Република Туркије Н.Е. Фатих Улусој  на 17.03.2025 се потпиша во книгата на жалост отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија за лицата кои ги загубија своите животи за време на пожарот во Кочани.

Амбасадорот потоа оствари средба и со Државниот секретар на наведеното Министерство Елена Кузманоска при што изрази сочуство, како и желби за побргу закрепнување на повредените лица.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таравари: Ќе има санкции ако се утврди лекарски пропуст во случајот со починатиот пациент во Куманово

Следно

На пациенти во „8-ми Септември“ им се направени и операции, доктор Стојаноски објасни што е превземено

Latest from Blog

Интер Мајами откри каква би можела да биде идната улога на Меси во клубот

Фото: Интер Мајами/Твитер Претседателот за деловни операции на Интер Мајами, Хавиер Асенси, ја откри идната улога што напаѓачот Лионел Меси би можел да ја преземе по пензионирањето. „Ќе дојде време кога Меси

ФОТО + ВИДЕО | НОВ УДАР ВРЗ КИЕВСКИОТ РЕГИОН – Тројца загинаа, меѓу нив и дете

Киевскиот регион повторно беше цел на руски ракетен напад. Најмалку тројца луѓе загинаа, меѓу кои и дете, откако балистички проектили рано утринава погодија подрачја источно од Киев. Силни експлозии одекнаа во регионот,

Премиерот замина на одмор

Премиерот, Христијан Мицкоски, замина на најавуваната екскурзија во Белгија, за која самиот рече дека ќе ја помине со четири дена престој во Бриж и четири во Брисел. Но од Владата за Телма
Go toTop