НА ЛОКАЛИТЕТОТ ТУМБА МАЏАРИ ОТКРИЕНА ФИГУРИНА СЛИЧНА НА „ГОЛЕМА МАЈКА“

July 4, 2024
1 min read

Фигурина од типот на „Голема Мајка“ е откриена на неолитскиот локалитет Тумба Маџари во Скопје и денеска беше промовирана. „Големата Мајка“, која датира од Младо камено време (неолит), VI милениум пред нашата ера (пред 8.000 години), беше откриена во археолошкиот локалитет Тумба Маџари во 1981.

Овој локалитет, како што најави министерот Зоран Љутков, наскоро ќе биде прогласен за културно наследство и како дел од урбано Скопје повидливо ќе се стави и во функција на културниот туризам.

Новооткриената фигурина, заедно со уште една амфора, се значајни предмети кои ја збогатуваат ризницата на раритетни откритија на тлото на државата и даваат посебна ексклузивност на македонската археологија, историја и култура. Веќе е изготвен Елаборат за валоризација на локалитетот и Министерството за култура и туризам ќе даде силна поддршка во заштитата на културното наследство како наш врвен приоритет“, рече министерот Љутков и најави дека вгодина, ќе бидат зголемени минималните средства кои годинава се определни за поддршка на археолошките истражувања на локалитетот.

Археолошките истражувања на локалитетот годинава продолжуваат по 10-годишен застој. Раководителката на проектот, археологот Елена Стојанова-Канзурова, најави апликација за впишување на наодите од Скопскиот и од Пелагонискиот Регион од неолитскиот период на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.

На локалитетот со години постојат нерешени имотно-правни односи, а и археологот кој со години работи тука нема решение за вработување туку е хонорарец. Министерот Љутков најави дека ќе се ангажира за решавање на овие проблеми.

А. АНТЕВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украинците принудени на повлекување

Следно

Политичката напнатост во Франција ги загрозува ЛОИ во Париз

Latest from Blog

Чиро Имобиле ја заврши фудбалската кариера

Легендарниот италијански репрезенативец, Чиро Имобиле реши да ја заврши својата професионална фудбалска кариера на 36. годишна возраст. Тој неочекувано ја донел оваа одлука непосредно пред стартот на новата сезона, каде што требаше

Агенцијата за управување со одземен имот има речиси 50 милиони евра имот за продажба, за една година вредноста пораснала за 10 милиони

Агенцијата за управување со одземен имот на крајот од 2025 година имала залихи на конфискуван имот вредни околу 48,9 милиони евра, покажува ревизорскиот извештај. Пресметката на Фактор покажува дека само една година

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Според фотографиите од местото на настанот, возот со девет вагони излетал од шините и удрил во надземна жичана греда кога застанал, објавува Телеграф. Излетувањето од шините се случило само неколку часа откако
Go toTop