На извршителите не им одговара новиот закон – со 10.7% реализација на барањата, заработиле 4 милиони евра на грбот на граѓаните

August 19, 2023
1 min read

реклама



Со само 10.7% реализација на барањата за извршување, извршителите оствариле вртоглави заработувачки од околу 4 милиони евра. Според анализите на порталот пари.мк за услугата “наплата на долгови“, извршителите фактурирале околу 10 милиони евра од кои 4 милиони биле чиста заработка за нив.

„На чело на листата, според годишните извештаи, е скопската извршителка Весна Деловска, која има чиста добивка од 150.000 евра. Воедно, таа има примено најголем број – 8.960 извршни барања во 2022 година, а од нив реализирала само 190. Следи битолчанката Николина Иванова, со околу 140.000 евра добивка. Таа во периодот од 1 јануари до 31 декември минатата година имала 1.693 барања за извршувања, од нив реализирала 383.На третото место е Премтим Ќерими од Куманово. Профит од 127.000 евра му донела реализацијата на вкупно 517 извршни барања во 2022 година. Четврта на листата е Катерина Кокина со профит од 124.000 евра која од 3.587 барања за извршувања, реализирала 819. Петорката се заокружува со Гордана Џутеска од Струга и добивката од 119.000 илјади евра. Таа примила 2.142 бaрања за извршување, од нив реализирала 395“.

реклама

Марјан Ристевски, активист за измени на работата на извршителите, вели дека малиот број реализирани предмети наспроти барањата, се прави намерно од страна на извршителите бидејќи нивната заработка е секако задоволителна, а колку повеќе се доцни толку повеќе плаќаат граѓаните. Тоа е и причината како што вели Ристевски, зошто тие го оспоруваат новиот закон.

Според новиот закон, предметите за извршување застаруваат за 5 години а каматата не смее да го надминува главниот долг.

реклама

Инаку, според анализите жените извршители се поуспешни, меѓу 10 најдобри извршители според заработката, само еден е машко.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полицијата на ТРСК: Повредени осум полицајци во судир со мировните сили на ОН

Следно

ПСЖ ќе има француско напаѓачко трио

Latest from Blog

Коњановски: Силниот ветер остави последици во Битола, службите го расчистуваат теренот

Три лица се повредени, неколку автомобили се оштетени, а околу 20 паднати дрвја се пријавени по силниот ветер што од синоќа ја зафати Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, кој попладнево бил на терен

Од запуштен простор до уреден градски парк: Општина Прилеп и „Комуналец“ реализираа нов проект

Просторот пред спортската сала „Македонија“ во Прилеп доби целосно нов изглед по реализираните активности за реконструкција, уредување и обновување на паркот и урбаната опрема. Некогаш запуштената ливада сега е претворена во уредено

Електричната иднина зависи од бакарот – потребни се 332 милијарди долари за нови рудници

Електричните автомобили, обновливите извори и индустријата ја зголемуваат побарувачката, а недостигот на бакар може да трае со децении Преминот кон електрична енергија и почист транспорт отвора нов предизвик за светската економија –

Коњановски: Столици се поставуваат за минути, градот се гради со секојдневна работа

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, реагираше на герила-акцијата со бели столици поставени пред општинската зграда, на кои биле испишани имиња на проекти потребни за градот. Тој порача дека на столиците недостасувала важна

Од Валенсија и Кожани до Битола: Меѓународна соработка за посигурно водоснабдување

ЈКП „Водовод“ – Битола информира дека било домаќин на претставници од Политехничкиот универзитет во Валенсија, Шпанија, и Универзитетот на Западна Македонија во Кожани, Грција, во рамките на меѓународниот проект WATERVILL, кој го
Go toTop