На изборите во Австрија победи партија формирана од нацистите

September 30, 2024
1 min read

На вчерашните парламентарни избори во Австрија победи ултрадесеничарската Слободарската партија (ФПО), освојувајќи околу 29 проценти од гласовите.

На изборите гласале 6,3 милиони граѓани (78 проценти), а во кампањата доминираа прашањата за миграцијата и азилот, економските проблеми и војната во Украина.

Според освоените гласови ФПО би требало да има 56 од вкупно 183 пратеници, додека конзервативците би добиле 52, а социјалдемократите 41 пратеничко место.

Но, дали ФПО ќе најде партнер за формирање на стабилна коалиција останува отворено прашање, бидејќи лидерите на партиите не се расположени за соработка со партија со нацистичка идеологија.

ФПО е формирана во 50-тите години од минатиот век од поранешни членови на СС и други нацистички ветерани, а предизборната кампања беше насочена кон странците, ветувајќи дека ќе изгради „тврдина Австрија“ за да ги спречи мигрантите.

Лидерот на ФПО, Херберт Кикл им вети на гласачите дека ако му ја дадат победата, тој ќе служи како нивен „Волксканцелар“ (Volkskanzler) или „народен канцелар“, прекар што го користел Адолф Хитлер.

Иако ФПО го минимизира своето нацистичко минато и се обидува да се прикаже себеси како алтернатива против естаблишментот на мејнстрим десницата и левиот центар, таа постојано користи антисемитски фашистички пароли.

Победата на ФПО наиде на воодушевување кај европските десничарски партии.

Лидерката на француската партија Национален собир, Марин Ле Пен на платформата Икс напиша: „По изборите во Италија, Холандија и Франција, овој бран, кој ја поддржува одбраната на националните интереси, зачувувањето на идентитетот и воскреснувањето на суверенитетот, насекаде го потврдува народниот триумф“.

Победата на ФПО за лидерот на германската десничарска Алтернатива за Германија (АфД), Бјерн Хоке е сензација.

– Победата на ФПО не е само победа за Австрија – таа ги надминува границите на таа алпска република и е добар знак за напредок за цела Европа, објави Хоке на Икс.

Додека холандскиот националист Герт Вилдерс, чија Партија на слободата (ПВВ) ја предводи холандската Влада на Икс објави: „Ние победуваме! Времињата се менуваат! Идентитет, суверенитет и слобода. И нема повеќе илегална имиграција или азил, по што копнеат десетици милиони Европејци!“

На Фејсбук се огласи и шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, кој напиша: „Каков викенд!! По Чешка, уште една победа за патриотите преку граница … Без војна, без миграција и без родова пропаганда!“.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачев: Нема потреба од посредник во односите меѓу Бугарија и Македонија

Следно

Регистрирани неколку пожари на отворено изминатите 24 часа, вкупно 1 643 повици на 112

Latest from Blog

Претседателот на Баерн со критика другите тимови од Бундеслигата

ФОТО: FC Bayern Munich/fb Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, ги критикуваше клубовите од Бундеслигата дека не прават доволно за да ја промовираат лигата во странство преку странски турнеи. 72-годишникот зборуваше на

НА ПОВИДОК Е ДОГОВОР ЗА ОРМУНСКИОТ ТЕСНЕЦ – Американски функционер : Се отвара клучниот воден пат и се обновува извозот на нафта

На повидок е договор за Ормунскиот Теснец, кој наскоро би можел да овозможи повторно отворање на овој клучен воден пат и да го обнови извозот на нафта, прекинат за време на петмесечната

Aктивни се два пожари, четири се изгаснати

Центарот за управување со кризи извести дека денеска до 13 часот, регистрирани се вкупно шест пожари на отворен простор, од кои активни се два, а четири пожари се изгаснати. Активни: Општина Арачиново:

Божиновска: Создаваме решенија за енергетска сигурност што ќе траат со децении (ВИДЕО)

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска порача дека одлуките во енергетскиот сектор мора да се носат врз основа на факти, темелни анализи и стручно знаење. „Во енергетиката, секоја одлука

Пустец се соочуваат со недостаток на инвестиции во инфраструктура

Жителите на Пустец продолжуваат да се соочуваат со недостаток на инвестиции во инфраструктура, сметајќи ја состојбата на патиштата како еден од најголемите проблеми што го попречуваат економскиот и туристичкиот развој на областа
Go toTop