На грчките острови Родос и Карпатос во три случаи откриени над 180 бегалци и мигранти

January 8, 2025
1 min read

На грчкиот остров Карпатос во текот на вчерашниот ден биле откриени вкупно 124 лица кои во два одвоени случаи пристигнале со два глисери, додека пак на островот Родос беа спасени 63 бегалци и мигранти и извлечени безживотните тела на две лица.

За трите одвоени случаи биле уапсени вкупно три лица под сомнение дека се криумчари.

На Карпатос, како што соопштија од крајбрежната служба, во раните утрински часови вчера биле информирани за глисер на една од плажите на островот, по што биле откриени 58 лица, а кусо подоцна биле информирани за уште еден глисер и на копно биле откриени уште 66 бегалци и мигранти.

Откриените 124 лица биле пренесени во прифатен простор, а по спроведената прелиминарна истрага бил уапсени 24-четиригодишен странски државјанин. 

Во морскиот дел источно од островот Родос во новата несреќа со мигранти животот го загубија две лица, а 63 беа спасени.

Од крајбрежната служба на Грција денеска информираа дека меѓу спасените 63 бегалци и мигранти се и две лица, најверојатно криумчари, кои се уапсени, додека пак загинаа еден маж и едно дете. 

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека

Следно

ФОТО: Спречени обиди за криумчарење на пиротехнички материјали, лекови за потенција, таблети и фалсификати

Latest from Blog

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно

„Бед Блу Бојс“ и „Торцида“ се пресметаа на аеродромот во Загреб (ВИДЕО)

Ужасни сцени на ардордомот Фрањо Туџман во Загреб. Масовна тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук Сплит на паркингот на објектот. Очигледно дека домаќините номинално, навивачите на Динамо, го планирале нападот,

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута. Шпанија вчера
Go toTop