На голема церемонија устоличен поглаварот на Албанската православна црква г. Јоан

March 29, 2025
1 min read

Во катедралата „Воскресение Христово“ во Тирана денеска се одржа официјалната церемонија на устоличување на новиот архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија, Јоан.

-На церемонијата присуствуваа голем број верници, претставници на Албанија и Грција, како и гости од 13 православни цркви од светот. Грција ја претставуваше министерот за образование и религија, а забележливо е дека премиерот Киријакос Мицотакис не присуствуваше на устоличувањето на албанскиот архиепископ, но присуствуваше на погребот на поранешниот архиепископ Анастас Јанулатос, кој почина во јануари, објави Топ чанел.

Г. Јоан е втор архиепископ на Албанската автокефална православна црква (ААПЦ), по падот на комунистичкиот режим и прв  архиепископ Албанец од 1967 година.

-Им благодариме на мачениците на слободата кои ја шират светлината на верата. Диктатурата ги уништи надворешните ѕидови на црквите, но не можеше да ги уништи срцата на верата. Во критичните времиња, Бог ја посети нашата црква. Го почитувам споменот на моите предци. Во долгиот список споменувам две истакнати личности. Мојот Бог, Фан Ноли, беше вистинскиот човек. Тој беше обдарен од Бога со извонредни таленти, придонесувајќи за националното помирување. За рекордно време ја опреми црквата со главните книги. На крајот на 20 век, кога нашата православна црква беше во урнатини, Бог испратил уште еден просветлен човек, архиепископот Анастасиј, кој  ја овозможи нејзината обнова. Неговата проповед беше љубов и почит кон секое човечко суштество, дух кој мораме да го зачуваме, рече поглаварот по устоличувањето.

Порача дека треба „да кажеме благодарам и да бидеме благодарни. Колку повеќе имаме благодарност, толку Бог ќе ни биде поблизок“.

-Секое време имало свои предизвици. Векот во кој живееме со нови технологии носи нови предизвици, а нашата црква не е изземена од нив. Треба да се соочиме не само за да се заштитиме, туку и да најдеме решенија. Нашиот труд и фокус, Божјото зачувување и заштита, зајакнувањето на единството во црквата се неопходни за да се постигне нејзината цел, рече тој во своето обраќање.

Во втората недела од Велигденскиот пост, посветена на свети Григориј Палама, на 16 март 2025 година, по Божествената Литургија, согласно со свештеното предание и Уставот на Православната автокефална црква на Албанија, Светиот Синод со канонски гласови едногласно го избра г. Јоан, кој привремено го заменуваше упокоениот поглавар Анастасиј.

Претходно г. Јован 27 години беше Митрополит на Корчанската митрополија. Завршил високи теолошки студии во САД и се вратил во Албанија за да му помогне на архиепископот Анастасиј во возобновувањето на распаднатата албанска црква. Од 1993 година служеше како професор на Теолошката Академија во Драч, преведувач на бројни теолошки текстови и автор на првиот учебник по Догматика на албански јазик. Го основа списанието „Tempulli“ (Храм), ја претставуваше Црквата на меѓу православни и меѓу христијански средби и беше одликуван со значајни признанија за својот придонес во културата, образованието и меѓурелигискиот дијалог.

На 23 јули 2003 година бил прогласен за „Почесен граѓанин на округот Корча“ за исклучителен придонес во негување на верската толеранција и разбирање, поддржувач на еманципацијата и зближувањето на граѓаните. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на загинати од земјотресот во Мјанмар се искачи на повеќе од 1 000, продолжува потрагата по преживеани

Следно

Граѓанските организации за борба против корупцијата бараат непристрасна истрага за трагедијата во Кочани

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop