На денешен ден султанот Мехмед Фатих го освои Истанбул пред 570 години

May 29, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – На денешен ден пред 570 години, османлискиот султан Мехмед II ел Фатих, попознат како Освојувачот, ги освои Истанбул, Цариград или Константинопол, тогашен главен град на Источната Римска Империја (Византија), јавува Анадолу.

Освојувањето на Истанбул или падот на Константинопол, како што уште го нарекуваат, се случило на 29 мај 1453 година, кога османлиската војска предводена од султанот Мехмед Фатих го освоила Константинопол. Султанот Мехмед Фатих имал 21 година за време на освојувањето на Истанбул.

Мехмед II, кој претходно се заколна „Или ќе го освојам Истанбул, или Истанбул ќе ме освои мене“, стана освојувач на градот на два континента. Од тој момент, историјата повеќе не го памети како Мехмед II, туку како султан Мехмед Освојувачот (Фатих).

Со освојувањето на Истанбул дојде крајот на 1.058-годишната Источна Римска Империја.

Иако го покорил градот, султанот Мехмед Фатих не бил фатален за неговите домородци. Паниката и нетрпеливоста, кои повремено се појавувале, набрзо исчезнаа, а на градот му беше вратена неговата безбедност. Султанот им дозволи на Грците да изберат патријарх. Тој го покани новоизбраниот патријарх на вечера и му подари жезол и круна, со намера да воспостави мир меѓу муслиманите и христијаните во градот. Султанот покажал еднаква наклоност кон еврејската и ерменската заедница во Истанбул.

Со освојувањето на Истанбул, султанот Мехмед Фатих остави длабока трага и во западниот свет и во источните цивилизации.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бектеши: Од 1 јули нема да се плаќаат повисоки сметки за струја

Следно

Кинескиот претседател Си му честиташе на Ердоган за победата: „Подготвен сум да промовирам здрави односи со Туркије“

Latest from Blog

Џин Симонс од групата „ KISS“: Музичарите во Америка се третираат полошо од робови (ВИДЕО)

Симонс сведочеше пред Подкомитетот за правосудство на Сенатот на САД во вторник (9 декември), силно поддржувајќи го Законот за музичка фер игра. Предлог-законот ќе бара од радиостаниците да лиценцираат песни на уметниците

НАТО се согласи за буџет од речиси три милијарди евра за 2026 година

Сојузниците на НАТО се согласија за нивните заеднички финансирани буџети за 2026 година, одобрувајќи зголемени трошоци насочени кон зајакнување на подготвеноста и воените капацитети на алијансата. Според договорот, цивилниот буџет на НАТО

Кошта по Самитот ЕУ-Западен Балкан: Европската Унија мора да ги исполни очекувањата што ги создава

Денешниот лидерски собир донесе јасна порака дека лидерите на ЕУ цврсто ја поддржуваат иднината на Западниот Балкан во Европската Унија, се наведува во писмената изјава на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта
Go toTop