Кошта по Самитот ЕУ-Западен Балкан: Европската Унија мора да ги исполни очекувањата што ги создава

December 17, 2025
1 min read

Денешниот лидерски собир донесе јасна порака дека лидерите на ЕУ цврсто ја поддржуваат иднината на Западниот Балкан во Европската Унија, се наведува во писмената изјава на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта објавена по завршувањето на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан, на кој учествуваше и премиерот Христијан Мицкоски.

– Проширувањето останува клучно за нашите заеднички цели. Тоа е вистинскиот избор од три причини: прво, од геополитичка перспектива. Проширената Европска Унија значи побезбедна, посилна и помирна Европа. Второ, затоа што проширувањето го зајакнува нашиот заеднички просперитет. Секое претходно проширување го докажа ова, И трето, затоа што Европската Унија останува привлечен и кредибилен проект и ние мора да ги исполниме очекувањата што ги создава. Проширувањето сега се движи побрзо отколку во последните 15 години. И ние мора да ја искористиме оваа можност, наведува Кошта во изјавата.

Претседателот на Европскиот совет нагласува дека ЕУ ги поздравува чекорите за зголемување на регионалната поврзаност што ги презема земјава и изразува надеж на вистински напредок во 2026 година. – Нејзините власти знаат што треба да направат, додава Кошта.

Тој потенцира дека проширувањето е процес базиран на заслуги, а не трка или натпревар меѓу кандидатите.


Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

– Оние што се движат побрзо не треба да бидат попречени од другите. Напротив, тие треба да го одредат темпото и да послужат како инспирација за сите, смета Кошта.

Во изјавата, тој го поздравува напредокот остварен од Црна Гора и Албанија во пристапните преговори во текот на изминатите 12 месеци, постигнувањата на Босна и Херцеговина со усвојувањето на Реформската агенда, како и чекорите преземени од страна на Косово за градење доверба меѓу заедниците.

Во изјавата, Кошта не ја споменува Србија, чии претставници не учествуваа на денешниот Самит во Брисел.

– Да бидеме јасни, покрај техничките детали на процесот, постои фундаментален политички избор што треба да се направи: избор помеѓу останување заробени во минатото или движење напред кон заедничка иднина во Европската Унија, избор помеѓу поделба или помирување и соработка, кои и самите се столбови на Европската Унија, потенцира Кошта.

Според него, само со надминување на минатото, земјите од Западниот Балкан може целосно да ја преземат својата улога како идни членки на ЕУ и да придонесат за стабилна, просперитетна и обединета Европа.

– Патот напред нема да биде лесен. Некои реформи ќе бидат тешки, но вредат. И верувам дека нашите партнери се посветени на остварување. Мора да го задржиме овој моментум. За таа цел, ќе ги поддржуваме нашите партнери на секој чекор од патот. Проширувањето е длабоко трансформативен процес. Социоекономската конвергенција ќе ја зацврсти нивната иднина во Европската Унија. ЕУ е и ќе остане најсигурен партнер на Западниот Балкан. Сите тие се дел од европското семејство, а Европската Унија е нивното место, заклучува Кошта во изјавата.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ПСЖ е освојувач на ФИФА интерконтиненталниот куп

Следно

НАТО се согласи за буџет од речиси три милијарди евра за 2026 година

Latest from Blog

На денешен ден пред точно педесет години настана легендарната „Паненка“(ВИДЕО)

Дочека светот да слави педесет годишнина од изведувањето на легендарниот пенал „Паненка“. Историскиот момент пред точно пет децении на денешен ден се случи во Белград, на легендарната „Маракана“, каде што тогаш репрезенаттивецот

Проданоски: Трајно го решаваме проблемот со водата во Лениште

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, заедно со заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, изврши увид во градежните активности за изградба на нов водоснабдителен систем во селото Лениште. Станува

Венс заминува на преговори во Швајцарија, тврди дека нема докази за затворање на Ормутскиот теснец

„Не гледаме докази дека Иранците го затвораат Ормутскиот теснец“, рече Венс. „Всушност, вчера низ него поминаа 16 милиони барели нафта. Значи, јасно е дека бродовите се движат“, додаде тој. Ванс патува за

Николоски: Автопатот Гостивар – Букојчани се гради со забрзано темпо

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски информираше дека со засилена динамика продолжуваат градежните работи на автопатот Гостивар – Букојчани, делница која ќе овозможи заобиколување на планинскиот премин Стража. Според

Николоски: Автопатот Гостивар – Букојчани се гради со засилена динамика

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски информираше дека со засилена динамика продолжуваат градежните работи на автопатот Гостивар – Букојчани, делница која ќе овозможи заобиколување на планинскиот премин Стража. Според
Go toTop