На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплатува патарина

February 25, 2025
1 min read

На автопатот „Патот на Арбр” (Руга е Арбрит) кој се протега од граничниот премин „Блато” кај Дебар до Тирана нема да се наплатува патарина.

Ова го објави како „поволна вест” албанскиот премиер Еди Рама, во директна комуникација со граѓаните, неговиот поткаст,  “Очи во очи” на Фејсбук.

„Иако е дел од јавно-приватно партнерство (ЈПП), патарина нема да ја плаќаат ниту албанските граѓани, ниту странците, во време на мојот мандат. Овој пат е финансиран со албански средства. Како што се случува во многу земји во светот, на сите патишта може да се наплатува патарина, но не и Патот на Арбр, додека сум јас на чело на владата“, рече Рама.

Автопатот за сообраќај беше пуштен на крајот од ноември 2021 година, но поради изградбата на тунелот Муриз, сообраќајот на тој дел се пренасочуваше и патувањето траеше подолго.

„Со пуштањето на тунелот на 14 март,  од преминот „Блато“ до Тирана, ќе се стигнува за еден час, бидејќи  го прави достапен целиот автопат, кој е во должина од 74 километри“, објави претходно Белинда Балуку, вицепремиерка, воедно и министерка за инфраструктура и енергетика на Албанија.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата на Мицкоски „слепа при очи“ за документите на СДСМ за Меџити, тврди дека министерот бил „чист како солза“

Следно

Мицкоски: Советот на јавни обвинители треба да го слушне гласот на граѓаните за разрешувањето на Коцевски

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop