На 98-годишна возраст почина Жак Делор – архитектот на модерната ЕУ

December 27, 2023
3 mins read

Лидерите на ЕУ изразувајќи сочувство до семејството на Делор, не штедат зборови за да го опишат неговиот придонес во создавањето на, како што велат, нашата Европа

Поранешниот претседател на Европската комисија Жак Делор – опишан како архитект на модерната Европска Унија – почина денеска на 98-годишна возраст, соопшти неговото семејство. 

Жак Делор / Фото: EPA/ETIENNE LAURENT

Делор, кој беше посветен застапник на повоените европски интеграции, беше претседател на Европската комисија во три мандати, подолго од кој било друг, од од јануари 1985 година до крајот на 1994 година.  

За време на неговото раководење со Комисијата беше завршен процесот на создавање на единствен пазар, што овозможи слободно движење на луѓе, стоки и услуги во рамките на Унијата. Тој ги постави темелите за воведување на единствената европска валута – еврото, а ја водеше и изградбата на заедничка надворешна и безбедносна политика на Унијата.  

Ќерката на Делор, Мартин Обри, инаку градоначалничка на Лил од редовите на социјалистите, изјавила дека тој починал во сон во неговиот дом во Париз.  

Лидерите на ЕУ изразувајќи сочувство до семејството на Делор, не штедеа зборови за неговиот придонес во создавањето на модерната Европска Унија.  

Францускиот претседател Емануел Макрон за Делор, кој исто така беше француски министер за финансии од 1981-1984 година, рече дека бил „државник со француска судбина“ и „неисцрпен творец на нашата Европа“. 

„Неговата посветеност, неговите идеали и неговата праведност секогаш ќе не инспирираат. Ја поздравувам неговата работа и неговиот спомен и ја споделувам болката на неговите најблиски“,

рече Макрон.  

Актуелната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за Делор рече дека е „визионер кој ја направи нашата Европа посилна“.   

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, го опиша како „голем Французин и голем Европеец“ кој „влегол во историјата како еден од градителите на нашата Европа“. 

Француски социјалист Делор цврсто веруваше во повоената интеграција на Европа. Како и единствениот пазар и еврото, во неговиот мандат ЕУ го виде создавањето на Шенгенскиот договор за патување и Еразмус програмата за размена на студенти, потсетува Би-би-си. 

За време на мандатот на Делор, тогашната 12-члена унија ги постави условите за евентуално прифаќање на поранешните комунистички држави од Централна и Источна Европа по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година. 

Како тврдокорен федералист, Делор страсно се залагаше за „сè посилна унија“ и често беше во судир со тогашната британска премиерка Маргарет Тачер, која енергично се спротивставуваше на секое пренесување на власта во Брисел. 

Тачер го опиша извештајот на Делор од 1989 година, во кој се повикува на економска и монетарна унија, како неприфатлив, бидејќи тоа ќе одземе многу економски политики од рацете на британскиот парламент. 

Во интервјуто по повод 50-годишнината од основањето на Римскиот договор во март 2007 година, Делор за Ројтерс изјави дека е загрижен оти ЕУ може да се распадне во рок од 20 години, доколку не ги реформира своите институции за да го насочи донесувањето одлуки. 

Жак Делор (десно) и поранешниот премиер на Унгарија Петер Борош, за време на официјален дочек во Будимпешта на 3 март 1994 година / Фото: EPA/ATTILA KISBENEDEK

Помалку од една деценија подоцна, Велика Британија гласаше за напуштање на ЕУ.  

И покрај тоа, Делор во тоа време изрази гордост за досието на ЕУ во ширењето на мирот, просперитетот, демократијата и владеењето на правото на континентот жигосан од војни, диктатури и злосторства. 

По напуштањето на функцијата во 1995 година, Делор одби да се кандидира за францускиот претседател и покрај огромното водство на анкетите. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Измените на Законот за игри на среќа со европско знаменце поминаа во Собранието во прво читање

Следно

Вучиќ: Не ме плашат протестите на опозицијата, во јануари ќе го конституираме Парламентот и тука нема ништо спорно

Latest from Blog

Меџити: Победата е доверба – Чаир заслужува чесна и посветена администрација

Изет Меџити денеска и официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Чаир. Во своето обраќање, тој истакна дека враќањето на оваа позиција за него претставува чест, одговорност и продолжение на една длабока

Ретка појава утре: Најголемата супермесечина годинава

Најголемата супермесечина за годинава ќе биде забележлива на небото утре. Имено, нејзината близина до Земјата ќе ја направи полната Месечината да изгледа поголема и посветла од вообичаеното. Во нашето поднебје оваа појава

Коњановски: Слободата на Битола е завет што мора да го пренесеме на идните генерации

Битола денес го одбележува 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот и 81 година од неговата слобода. По тој повод, во градот се одржуваат свечени активности со кои граѓаните, институциите и

Регионален дијалог за образовни политики: Темелни реформи за поквалитетно образование

Државите од Западен Балкан полесно можат да напредуваат кога заедно и гласно размислуваат за тоа што му е потребно на образованието во секоја од земјите. Ние сме слични народи, со блиски обичаи,

СПОРТ СЕКАДЕ ЗА СИТЕ! Нов спортски центар во ООУ „Тихомир Милошевски“ во Ѓорче Петров

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска го пушти во употреба комплетно реконструираниот повеќенаменски спортски центар во склоп на ООУ „Тихомир Милошевски“. Овој проект
Go toTop