Вучиќ: Не ме плашат протестите на опозицијата, во јануари ќе го конституираме Парламентот и тука нема ништо спорно

December 27, 2023
2 mins read

Инаку, вечерва во Белград се одржа десеттиот протест на опозициската коалиција „Србија против насилството“. Граѓаните повторно се собраа пред Републичката изборна комисија, а потоа се упатија пред зградата на српскиот национален сервис – РТС. Пораката што ја испратија оттаму беше дека сакаат јавниот сервис да работи во интерес на граѓаните и да известува за неправдите 

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека не се плаши од опозицијата и нивните протести, како и од, како што вели, измислените и договорени извештаи на набљдувачите на изборите, кои тврдат дека имало големи нерегуларности, пренесуваат српските медиуми.  

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ја прогласува победата на СНС на изборите на 17 декември / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

„Тоа нема да им помогне. Нема да дозволиме да ја украдат волјата на народот. Vox populi, vox dei или гласот на народот е гласот на Бога“,  

рече Вучиќ, пренесува Н1.

Тој подвлече дека Републичката изборна комисија (РИК) ќе си ја заврши својата работа и ќе ги објави конечните резултати.  

„Во текот на јануари ќе го конституираме Собранието и толку. Нема тука ништо спорно, ниту некоја голема филозофија“,

изјави Вучиќ. 

Во врска со уапсените на протестот на коалицијата „Србија против насилството“ во неделата, српскиот претседател рече дека станува збор за луѓе и деца кои опозициските лидери ги поттикнале да кршат и да го рушат градот.  

„Вие им кажавте да го направат тоа. Никој друг не им кажал, туку вие. Ги ставивте во таква ситуација. Претпоставувам дека барем малку се срамите од тоа“,

им порача Вучиќ на опозициските лидери. 

Инаку, вечерва во Белград се одржа десеттиот протест на опозициската коалција „Србија против насилството“. Граѓаните повторно се собраа пред Републичката изборна комисија, а потоа оттаму се упатија пред зградата на српскиот национален сервис – РТС.   

Радомир Лазовиќ од коалицијата „Србија против насилство“ пред РТС изјави дека желбата на насобраните е јавниот сервис да работи во интерес на граѓаните и да известува за неправдите. 

Пораката што ја испратија беше дека „милион луѓе гласаа за оваа коалиција, а јавниот сервис ги игнорира“.  

„Многумина од вас половина од животот го поминаа на улица, борејќи се против разни диктатори. Оваа телевизија зад нас, која треба да биде јавен сервис и да не информира за сè што се случува, целосно го игнорира мнозинството од Србија, бидејќи треба да имаме на ум дека овие избори беа украдени и СНС ја загуби власта во Белград“,

рече на протестот пред РТС, пратеникот во српскиот парламент Милош Пандиловиќ.

Момент од вечерашниот протест пред зградата на РСТ / Фото: Принтскрин

Демонстрантите побараа и ослободување на сите приведени на протестот пред три дена.  

Инаку, Вишиот суд во Белград денеска соопшти дека на неколку лица обвинети за нередите на протестот на 24 декември пред градското собрание на Белград им е одреден притвор, а на некои им е забрането да го напуштаат домот.  

На овој протест дојде до судир меѓу полицијата и дел од демонстрантите, кога маскирани лица со стапови и камења почнаа да ги кршат стаклата од вратите и прозорците на зградата, додека полицијата која беше внатре возврати со солзавец.  

За инцидентите на протестот од викендот, „Србија против насилството“ ја обвини власта, велејќи дека испратила свои хулигани, а оти ги искористила немирите за да се справи со мирните демонстранти кои на протестот барале повторување на изборите одржани на 17 декември.

Момент од инцидентите на протестот пред Градското собрание во Белград на 24 декември / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Секојдневните протести на српската опозиција започнаа на 18 декември откако матичната партија на претседателот Александар Вучиќ, СНС, ден претходно прогласи целосна победа на изборите, за кои опозицијата тврди оти се украдени од власта.

Покрај републичките и покраинските избори, на 17 декември се одржаа и локални избори во 65 градови и општини, меѓу кои и Белград. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На 98-годишна возраст почина Жак Делор – архитектот на модерната ЕУ

Следно

Сончево, претежно тивко и релативно топло

Latest from Blog

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека

Ангел Анѓушев: Добрата цена сама по себе не е доволна за успех на странските пазари

Квалитетот на производите и доследното почитување на меѓународните стандарди се предуслов за компаниите да бидат конкурентни на странските пазари, порача Ангел Анѓушев, оперативен директор на „Грин машинс“ и член на Управниот одбор

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.
Go toTop