На 9 март продолжуваат преговорите со Финска и Шведска за нивниот влез во НАТО, најави Турција

February 27, 2023
1 min read

Кон крајот на јануари Турција ги прекина преговорите со двете земји и го одложи трипартитниот состанок предвиден за февруари, по неколкуте демонстрации против Турција и исламот во кои лидерот на данската екстремно десничарска политичка партија Расмус Палудан запали копија од Куранот пред турската амбасада во Стокхолм

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу најави дека разговорите со Шведска и Финска за нивната кандидатура за членство во НАТО ќе продолжат на 9 март.

Кон крајот на јануари Турција ги прекина преговорите со двете земји и го одложи трипартитниот состанок предвиден за февруари, по неколкуте демонстрации против Турција и исламот во кои лидерот на данската екстремно десничарска политичка партија Расмус Палудан запали копија од Куранот пред турската амбасада во Стокхолм.

„Моите колеги ќе присуствуваат на состанокот што ќе се одржи на 9 март“,

рече Чавушоглу на прес-конференција во Анкара, додавајќи дека средбата ќе се одржи во Брисел.

Чавушоглу додаде дека Шведска сè уште не ги исполнува своите обврски од меморандумот потпишан на самитот на НАТО во Мадрид минатиот јуни, иако генералниот секретар на НАТО и другите сојузници рекоа дека Стокхолм ги променил своите закони.

„За жал, не видовме задоволителни чекори од страна на Шведска во спроведувањето на Мадридскиот меморандум. Не е можно да кажеме ‘да’ на шведската кандидатура за НАТО пред да ги видиме овие чекори“,

рече Чавушоглу. 

Шведска и Финска аплицираа за влез во НАТО минатата година откако Русија ја нападна Украина, но особено Шведска се соочи со неочекувани приговори од Турција.

Анкара го обвинува Стокхолм дека засолнува, како што вели, членови на терористички групи и бара нивна екстрадиција како чекор кон давање зелено светло на Шведска за членство во НАТО.

САД и другите земји од НАТО се надеваат дека двете нордиски земји ќе станат членки на Алијансата на самитот на НАТО на 11 јули во Вилнус, главниот град на Литванија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Шахтите во Карпош ќе се чистат од глодари

Следно

Детали за денешниот земјотрес во Турција

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop