На 78-годишна возраст почина легендарниот гитарист Џеф Бек

January 12, 2023
1 min read

Присуството на Џеф Бек на сцената и, пред сè, начинот на свирење ја редефинираа гитарската музика во 1960-ите години и влијаеа на движењата како хеви метал, џез-рок, па дури и панкот

Џеф Бек, еден од највлијателните рок гитаристи на сите времиња, почина на 78-годишна возраст.

EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

Информацијата за неговата смрт беше потврдена на неговиот официјален профил на Твитер.

„Во име на неговото семејство, со длабока и длабока тага ја споделуваме веста за смртта на Џеф Бек. Откако ненадејно заболи од бактериски менингитис, тој вчера мирно почина. Неговото семејство бара приватност додека ја поминуваат оваа огромна загуба“,

се вели во објавата на твитер-профилот на гитаристот.

Британскиот музичар се прослави како дел од рок-групата „Јардбрдс“, каде што го замени гитаристот Ерик Клептон, пред да ја формира својата сопствена група заедно со пејачот и текстописец Род Стјуарт.

Неговото присуство и, пред сè, начинот на свирење ја редефинираа гитарската музика во 1960-ите години и влијаеа на движењата како хеви метал, џез-рок, па дури и панкот.

Џеф Бек е роден во јуни 1944 година во предградие на Лондон. Овој музичар има освоено осум од американскитте музички награди „Греми“.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

15 лица вчера возеле без возачка дозвола низ Скопје

Следно

Блинкен: Ќе се обидеме да спречиме конкуренцијата со Кина да прерасне во конфликт

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop