НА 6 СЕПТЕМВРИ ВО ВЕНЕЦИЈА СВЕТСКИТЕ ПРЕМИЕРИ НА СТОЛЕВСКИ И МИТЕВСКА, 80. ФЕСТИВАЛ СЕ ОТВОРА ДЕНЕСКА

August 30, 2023
2 mins read

Филмскиот фестивал во Венеција денеска го отвора јубилејното 80. издание со низа многу очекувани филмови во програмата, но со помалку големи ѕвезди од вообичаено поради актуелниот штрајк на холивудските актери и сценаристи. Уметничкиот директор на фестивалот Алберто Барбера позитивно гледа на целата ситуација и очекува некои големи имиња сепак да дојдат на годинашната Мостра.

„Знаеме дека некои таленти нема да можат да присуствуваат, но други ќе дојдат зашто работат на независни филмови, така што сè е во ред“, изјави Барбера.

И два македонски филма ќе имаат светска премиера во Венеција, во ист ден, на 6 септември: „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски ќе биде дел од натпреварувачката програма Хоризонти, додека документарецот „21 ден до крајот на светот“ на Теона Митевска ќе се прикаже во програмата Денови на авторите (или Венециски денови).

„Домаќинство за почетници“, третиот филм, а прв македонски, на македонско-австралискиот режисер Горан Столевски,  беше поддржан од македонската Агенција за филм на конкурсот во 2020 со 350.000 евра, меѓу четворица дебитанти, а продуцентка на филмот е Марија Димитрова од „Лист продукција“. Филмот се снимаше лани во Скопје, а играат Сара Климоска, прочуената романска актерка Ана Марија Маринка и Романката Алина Шербан, Владимир Тинтор од Хрватска, Самсон Селим, Миа Мустафа и Џада Селим, Ајше Усеини од Македонија и Розафа Целај од Косово и други професионални и непрофесионални актери од Македонија. Постпродукцијата се работеше на релација Европа – Австралија и тоа во Мелбурн, Аделаида, Гетеборг и Варшава.

Директор на фотографија е Наум Доксевски, Роза Трајческа-Ристовска е костимографка, Александара Чевреска е арт директорка, Горан Игњатовски е маскер. Ана Жежничек од Полска е сценографка, Леонора Мехмети Хоџа од Косово е дополнителен маскер, Ален Синкауз и Ненад Синкауз од Хрватска се композитори, Зоран Максимовиќ од Србија е снимател на тон и Ема Бортињон од Австралија е дизајнерка на звук.

Претседател на жирито на Хоризонти годинава е италијанскиот режисер, сценарист и продуцент Јонас Карпињано.

„21 ден до крајот на светот“, новиот експериментален документарец на Теона Стругар Митевска, ќе има светска премиера на Денови на авторите, паралелна програма на филмскиот фестивал во Венеција која годинава слави 20-годишнина. Програмата, слична на канскиот Кензен или 15 дена на авторите, е создадена од Италијанската асоцијација на режисери и сценаристи. Филмот на Митевска е меѓу седумте во некомпетитивната селекција Специјални настани.

„21 ден до крајот на светот“ на Теона Стругар Митевска ќе се прикаже во програмата Денови на авторите (или Венециски денови).  (Фото: Продукција на филмот)

Откако во 1994 „Пред дождот“ на Милчо Манчевски го освои Златниот лав во главната селекција, а во 2001 неговиот филм „Прашина“ го отвори фестивалот и во 2013 со „Четврток“ по повод 70-годишнината на Мостра беше поканет во екипата режисери да сними краток филм, ова е третпат македонски филм да биде во програмата на Венеција – лани Теона Митевска со „Најсреќниот човек на светот“ беше исто во Хоризонти, во 2002 „Судијата“ на Жанета Вангели беше во една во специјалните програми. Во 2012, Манчевски беше во жирито токму во селекцијата Хоризонти.

Со жирито за Златен лав ќе претседава оскаровецот Демиен Шазел, а за престижната награда меѓу 23 филма ќе се борат и оние на Дејвид Финчер, Бредли Купер, Јоргос Лантимос, Мајкл Ман, Софија Копола, Ава Дувернеј и Рјусуке Хамагучи. Венеција редовно исфрла и големи фаворити за Оскари.

„Ќе бидам изненаден ако не ги видам Финчер, Копола или Купер во трката за Оскари“, кажа Барбера.

Новиот трилер на Финчер, „Убиец“, следи платен убиец кого го глуми Мајкл Фасбендер, „Маестро“ на Купер е биографски филм за композиторот Леонард Бернштајн, а Копола ќе го презентира „Присила“, заснован на мемоарите на бившата сопруга на Елвис Присли. Во Венеција ќе се случи и премиерата на биографскиот филм за Енцо Ферари, во режија на Мајкл Ман.

За да не помине без контроверзи, ќе се прикажат и новите филмови на Лук Бесон, Вуди Ален и Роман Полански, славни филмаџии кои беа обвинети за силување.

„Историјата на уметноста е полна со криминалци кои создале прекрасни уметнички дела. Па, зошто не Полански? Тој е еден од големите мајстори кои сè уште творат“, кажа Барбера.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

А1 Македонија слави четири години на македонскиот пазар заедно со над милион корисници

Следно

Разговорот со Путин што го вознемири Шолц

Latest from Blog

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК. Како што

ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги
Go toTop