На 30 јуни СДСМ бира нов лидер на партијата, кандидатите на средби со членството

June 22, 2024
1 min read

Уште една недела им остана на кандидатине за лидер на СДСМ да го убедат членството дека тие се вистинскиот избор за лидер на партијата. Венко Филипче, Јован Деспотовски, Славјнка Петровска и Александар Баједвски на секојдневни средби низ градовите во Македонија во битка по гласови.

Враќање на внатрепартиската демократија и прекин на влијанијата на централата во Скопје побарале членовите во Тетово и Гостивар. Филипче пак оттаму порача дека привилегирани поединци на сметка на запоставување на мнозинството членови нема да има, според него партијата мора да ги штити членовите и да ги вреднува сите подеднакво.

– Не смее да се дозволат привилегии на поединци на сметка на запоставување на мнозинството. Недозволиво е мал број луѓе да го окупираат времето на цело раководство и затоа ќе направиме систем во кој секој ќе може да има пристап и глас. Ова доликува на демократска партија која е свесна дека кредибилитетот го добива пред сè од своите членови. – изјави Венко Филипче кандидат за претседател на СДСМ.

И додека Филипче ги породложува средбите со членови на СДСМ во Битола и битолско, неговиот против кандидат Јован Деспотовски денеска го повикува членството на средба и директна комуникација преку социјалната мрежа Фејсбук. Тој порачува и дека изборот на Ковачевски не смее да се повтори, бидејки бил фатен за рака и седнат на лидерското столче.

– Луѓето едноставно велат се додека тие луѓе се во таа зграда, јас не влегувам и не учествувам во ништо. Затоа начинот на којшто беше поставен Димитар Ковачевски во 2021 не смее да ни се повтори. На сите им е јасно дека процесот беше сѐ, само демократски отворен не. Малтене го земаа за рака и го седна. Против тоа ќе се борам и се борам.“ – рече Јован Деспотовски- кандидат за претседател на СДСМ.

Славјанка Петровска пак вели дека таа не е ничија продолжена рака и дека зад неа не стои поранешен претседател, според сo тоа таа е во предност.

– Јас немам багаж, зад мене не стои ниту еден поранешен претседател затоа што не сакам да сум ничија продолжена рака и затоа сум во голема предност пред другите кандидати, немам багаж, а имам интегритет, не правам компромиси за непринципиелни коалиции, не сум бизнис ориентирана и ќе направам се за СДСМ да успее. – вели Славјанка Петровска кандидат за лидер на СДСМ.

Додека Александар Бајдевски смета дека на партијата и е потребно враќање на корените на основните социјалдемократски вредности.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грците лути поради огномет од јахта што запали шума: „Имаат повеќе пари отколку мозок“

Следно

Најсмешниот автогол во историјата на ЕП (ВИДЕО)

Latest from Blog

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ
Go toTop