МВР: За еден ден 299 санкции за брзо возење

January 13, 2023
1 min read

 

Во текот на вчерашниот ден (12.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 299 возачи.

Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 153 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 146 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Шефот на ММФ: Има се повеќе докази дека САД ќе избегнат рецесија

Следно

Денеска традиционално палење на Василичарски оган во Ѓорче Петров

Latest from Blog

60-годишна жена во Карпош, со тешки повреди однесена во болница

60-годишна жена е жртвата која беше прегазена во вчерашната сообраќајна несреќа која се случи на крстосницата меѓу скопските населби Карпош 2 и Карпош 3, кај Педагошката академија, соопшти денеска МВР. Ја прегазил

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop