МВР: Од 13 февруари граѓаните да не управуваат возило доколку немаат возачка дозвола со името Република Северна Македонија

February 11, 2024
1 min read

По 12 февруари возачките дозволи во кои не е новото уставо име Северна Македонија нема да важат ни во земјава, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). Според соопштението, од 13 февруари ќе важат само возачките дозволи со името Република Северна Македонија.

-Министерството за внатрешни работи ќе постапува согласно закон и затоа апелираме граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија. Предупредуваме и дека во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, поради невалидната возачка дозвола, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета, велат од МВР.

МВР информира дека што се однесува до личните карти тие ќе важат и по 13 февруари, без оглед дали се со името Република Македонија или Република Северна Македонија и граѓаните ќе можат да ги користат непречено на територијата на нашата држава.

-За излез, пак, од државата во земјите со кои имаме билатерални договори за патување со лична карта, граѓаните нема да бидат враќани од страна на нашите гранични полициски службеници доколку имаат лична карта со името Република Македонија, но не можеме да гарантираме дека ќе бидат примени од другите држави. Истото важи и за сообраќајните дозволи, се вели во соопштението од МВР.

Налепниците НМК за регистерските таблички ќе бидат бесплатни и ќе може да се добијат во станиците за технички преглед, каде треба да отиде со возилото и сообраќајната дозвола и контролор од станицата за технички преглед ќе залепи налепница на регистерските таблици.

Од МВР соопштија и дека од полноќ на 12 кон 13 февруари престануваат да важат патните исправи со името Република Македонија и во важност ќе бидат само патните исправи со името Република Северна Македонија.

-Ги замолуваме граѓаните со стари патни исправи воопшто да не се обидуваат да излезат од нашата држава затоа што тоа нема да биде возможно. Граѓаните со двојно државјанство ќе можат непречено да ги користат патните исправи од другата држава. Исто така, потенцираме дека било кој граѓанин на Република Северна Македонија кој ќе дојде на граничен премин за влез во нашата држава, ќе биде примен без оглед на тоа со каква патна исправа доаѓа, вели МВР.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филаделфија и ЛА Лејкерс се засилија со нови кошаркари

Следно

Сребрен медал за Витомир Трајковски на Европското првенство во карате

Latest from Blog

Тошковски за Дневникот на МТВ: Безбеден град не е за парично да ги оштети граѓаните туку да спаси живот повеќе, зголемен прагот на толеранција за возачите

Во денешното гостување во Дневникот на МТВ министерот за внатрешни работи Панче Тошковски посочи дека системот Безбеден град не е за парично да ги оштети граѓаните, туку системот е да спаси човечки

Две лица измамени од лажен доктор во Штип

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека во последните 24 часа на подрачјето на Штип се пријавени две измами извршени врз повозрасни лица, при што сторителите се претставувале како лекари и лажно

ЛАЈЧАК ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО ОБЈАВУВАЊЕ НА ПРЕПИСКАТА СО ЕПШТАЈН: Шок во Словачка!

Поранешниот словачки министер за надворешни работи Мирослав Лајчак објави дека се повлекува од функцијата советник на словачкиот премиер Роберт Фицо, откако неговата преписка со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн стана јавна, објавија

Почина Божидар Симоновски, остави длабока и трајна трага на музичката сцена

Почина Божидар Симоновски, еден од најзначајните културни работници и музички ентузијасти што Штип и Македонија ги имале во изминатите децении. Дом на млади-Штип, институцијата во која што работеше Симоновски објави дека тој

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кој секојдневно го посетуваат илјадници граѓани од сите
Go toTop