МВР на Србија: Во притвор почина братот на еден од осомничените за убиството

April 7, 2024
1 min read

Вчера беше уапсен и ставен во притвор, утрово почина во Полициското одделение во Бор. Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ кој беше приведен под сомнение дека му помогнал во извршување на злосторството, починал од срцев удар.

Кај 40- годишниот брат на човекот кој го призна убиството, лекарите контатирале природна смрт, но вишото јавно обвинителство во Заечар издало наредба да се изврши обдукција на телото.

Од синока е затворен и таткото на осомничениот за убиството и починатиот кој се сомничи дека помогнал да се префрли телото од депонијата на непозната локација. Полицијата се уште трага по телото на малата Данка Илиќ. Се пребарува пештерата Лазарев, која се наоѓа кај селото Злот, потоа Кањонот Лазарев, како и целиот простор покрај реката Злот. На двајца осомничени за убиство на двегодишно дете им е одредена мерка притвор до 30 дена.

– Припадниците на МВР ќе извршат опсежен претрес на територијата на градот Бор со цел да го пронајдат телото на девојчето и да ги утврдат сите околности под кои таа починала“. – велат од МВР на Србија.

Обвинителството соопшти дека Д. Д. го признал делото, додека Ј. С. се брани со молчење. Коментирајќи го убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека ќе и предложи на Владата повторно да се воведе смртната казна за најтешките кривични дела. Граѓаните на Бор и Бањско поле секој ден носат цвеќе и свеќи и упатуваат сочувство до семејството Илиќ.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По пукање на брана евакуација на руски град на границата со Казахстан

Следно

Демири го честита меѓународниот ден на здравјето

Latest from Blog

Дортмунд со рутинска победа на стартот во Бундеслигата

ФОТО:facebook.com/BVB/ Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија Хамбургер со 2:0 на почетокот од Бундеслигата. Дортмунд оствари рутинска победа на домашен терен, а прашањето за победникот беше решено во првиот дел од натпреварот.

Побунети војници го нападнаа аеродромот и претседателската палата во Нигер (ВИДЕО)

Четири извори на Ројтерс изјавија дека бунтовни војници стојат зад нападот. Државната телевизија и радио престанаа да емитуваат околу 8 часот наутро по локално време. Воените власти апелираа за смиреност и рекоа

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден
Go toTop