МВР молчи за наводите на Мицкоски за наводна вооружена група блиска до ДУИ

May 1, 2024
1 min read

Од Министерството за внатрешни работи молчат за наводите што во јавноста ги сподели лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, за постоење на наводна вооружена група блиска до ДУИ. МВР засега нема одговор на прашањата на Алсат за тоа какви сознанија евентуално тие имаат за оваа група и какви активности преземаат. Вчера, Мицкоски кажа дека ваква вооружена група постоела во Чаир и Бутел, за неа знаел и Али Ахмети, а набргу ќе дознаела и јавноста.

„Точно знае Али Ахмети што зборувам и точно знае, тој негов соработник којшто уживаше вонредни привилегии во луксузен хотел во претседателски апартман во Истанбул, за што зборувам, бидејќи тој ја координира таа група којашто се движи на територијата на Општина Бутел и Чаир. Ги знаеме лицата и точно знаеме што прават и набргу ќе дознае и јавноста“, рече Мицкоски.

Од ДУИ претходно одговорија дека Мицкоски, како што велат, измислува лажни вести, дезинформира и предизвикува страв од дестабилизација. Претставници на партијата денеска го повикаа Мицкоски да биде поконкретен и неговата изјава ја оценија како незрела и нејасна.

„Зошто не кажува? Нека излезе, нека каже за што станува збор. За граѓаните и јавноста нема потреба од контаминација и подгревање на страстите, особено пред избори. Јас сакам осми мај, да биде што потивок ден, мирен ден, демократски ден, а за тоа, ние како политичари, особено лидерите на политичките партии имаат голема одговорност“, рече Арта Биљали Зендели – ДУИ.

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска вчера, во телевизиско интервју, истакна дека техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски вакви информации за вооружена група по службена линија не и споделил, туку побрзал да ги сподели на партискиот лидер, ако, како што додаде, воопшто информациите се вистинити.

Лука Андреев

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УТРЕ Е ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК: Првото фарбано јајце има волшебна моќ – еве што да направите со него!

Следно

Саудиска Арабија прати инфлуенсерка на долгогодишна робија

Latest from Blog

Манчестер Јунајтед купува стопер во Германија

Англиските медиуми попладнево јавуваат дека менаџментот на Манчестер Јунајтед, ги контактирал претставниците на играчот на Баер Леверкузен, Едмонд Тапсоба, за да евентуално го донесат како следно засилување во одбраната. Тапсоба стопер кој

Проданоски: Сè што имаме ставаме на располагање за справување со пожарот

Вечерва беше одржан координативен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп, на кој беше разгледана актуелната состојба со пожарот во селото Чаниште и поширокиот Мариовски регион, како и ризиците

Македонија остана на 235 патронажни сестри: во Тетово една покрива над 33.000 жители

Додека здравствениот систем постојано зборува за превенција и рано откривање на болестите, патронажната служба која треба да стигне до граѓаните пред тие да станат пациенти работи со сè помалку луѓе и со

Над 30 милиони денари промет на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 18.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.171,25 поени. Во однос
Go toTop