Муцунски: Разочаран сум што гледам научник платен од државата да врши научна работа, како се обидува себеси политички да се профилира

September 5, 2024
2 mins read

Политичарите и министрите имаат легитимитет од страна на граѓаните да носат политички одлуки, а научниците имаат обврска да вршат научна работа, смета министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, изразувајќи разочарување што, како што вели, деновиве гледа како „еден научник, кој што е ангажиран и доста коректно платен од државата, да врши научна работа, како се обидува себеси политички да се профилира додека е се уште во тековен мандат, како претседател на една од комисиите“.

Муцунски, изрази изненадување од однесувањето на претседателот на Комисијата со Бугарија, Драги Георгиев, со кое, како што рече се „поткопуваат надворешно-политичките позиции на државата“.

–   Прилично сум изненаден што деновиве гледам еден научник, кој што е ангажиран и доста коректно платен од државата, да врши научна работа, како се обидува себеси политички да се профилира и додека е се уште во тековен мандат, како претседател на една од комисиите. Со тоа се поткопуваат на надворешно-политичките позиции на државата. Ние, политичарите и министрите имаме легитимитет од страна на граѓаните да носиме политички одлуки, а научниците имаат обврска да вршат научна работа и искрено сум разочаран од таквиот пристап што го гледам деновиве, изјави Муцунски.

Интересот на државата треба да биде пред се и над се, нагласи Муцунски, а доколку имаат забелешка, на двајцата претседатели на Комисиите кои што се уште се активни „мојата врата е отворена и била отворена“.

– Сепак треба да бидеме максимално внимателни. Ние имаме обврска да креираме надворешна политика, да ја имплементираме таа политика што сме ја креирале, а тие кои што доаѓаат од научната фела, при нивниот ангажман да внимаваат да ја вршата нивната работа, поврзана со нивната научна функција и зошто се ангажирани од државата, изјави Муцунски, одговарајќи на новинарски прашања за работата на историските Комисии, на прес-конференција по средбата со турскиот колега Хакан Фидан.

За да бидеме успешна држава, според Муцунски, сите треба да го работиме, она за кое што сме избрани да го работиме и да бидеме внимателни, бидејќи природата на работата на овие комисии е таква, да, како што вели, „може со мали гестови да се направи сериозна штета по интересот на нашата држава“.

Факт е, нагласи Муцунски, дека треба одредени кадровски промени, но не целосни, за како што вели, да има „одредени континуитет од кадровска гледна точка и во двете Комисии“.

– Ќе има кадровски промени, како што кажа претседателот на Владата. Се уште се консултираме меѓусебно. Сметам дека во следните неколку недели ќе има и конечна одлука. Во однос на кадровските прашања не би можел детално да одговорам, изјави Муцунски.

Уште од почетокот на својот мандат, посочи Муцунски, разбирајќи го значењето на овие две комисии инсистирал да има средби со нивните раководители – амбасадорот Габер и професорот Георгиев, кои ги оцени како коректни, со оглед на специфичната природа на тоа што го работат.

–   Сметам дека имавме сосема коректни средби, каде што тие споделија со мене некои информации. Јас поставив до нив некои прашања, за да добиеме слика што работеле, што постигнале и што треба понатаму да се работи. Заради специфичната природа на тоа што го работат тие две Комисии не може сите работи да ги каже во јавност, бидејќи една од функциите е да штитат стратешки надворешно-политички позиции по однос на различни аспекти, изјави Муцунски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Тодоров од МК/БГ Комисијата: Историографијата не зависи од политичари кои ги самоодредуваат „националните интереси“

Следно

САД речиси 40 % од својата територија ја стекнаа со купување земјиште

Latest from Blog

Пленковиќ: Имав многу добар разговор со Трамп

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ имал телефонски разговор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кому му честитал за реизборот, објави премиерот на X. – Само што имав многу добар разговор со Доналд Трамп

НБА: Ванвлит казнет со 50.000 долари

Кошаркарот на Хјустон, Фред Ванвлит (30) е казнет со 50.000 долари поради непримерно однесување кон официјалните лица на натпреварот против Портланд, објави вечерва НБА лигата. Ванвлит доби техничка грешка во последните моменти

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Доне Таневски, најголемиот акционер во хотелската групација „Македонија турист“, го намали својот удел од 23,4% на 17,72%, по продажбата на 25.669 акции. Македонска берза ја потврди продажбата, при што Таневски сега поседува

Костадинов: Горд сум што мојот предлог доби преубава реализација

Секој еден градоначалник и политичар треба најпрвин да биде човек, а потоа се останато, напиша градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, на својот фб профифл. Многу сум радосен за прекрасниот почеток на

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Независниот синдикат на одбраната информира дека денес Министерството за одбрана исполни уште една своја обврска од колективниот договор, исплатени се средствата кои беа заостанати од потпишувањето на КД заклучно со јуни. Исплатата
Go toTop