Мурињо отпушти многумина од Реал, но јасно кажал кој мора да остане!

July 28, 2026
1 min read
ФОТО:.facebook.com/RealMadrid/

Жозе Мурињо сака Гонзало Гарсија да остане во клубот и не го поддржува неговото заминување, објавува шпанскиот весник „Марка“.

Според информациите од овој весник, искусниот португалски стручњак смета дека во тимот моментално нема напаѓач кој ги има карактеристиките на Гарсија. Затоа Мурињо е јасен во својот став дека младиот напаѓач треба да остане дел од тимот следната сезона.

„Марка“ наведува дека тренерот верува дека Гарсија може да игра важна улога во тимот, особено поради специфичниот профил на напаѓач кој моментално не е во соблекувалната.

Затоа Мурињо не сака клубот лесно да се согласи на неговото евентуално заминување.

Останува да се види дали челниците на клубот ќе ги послушаат желбите на португалскиот стручњак или ситуацијата ќе се промени до крајот на преодниот рок.

Да погледнеме, најновиот во низата играчи на кои Мурињо им кажал дека можат да одат е Камавинга и прашањето е каде ќе ја продолжи кариерата.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ужас во САД-Осумчлено семејство пронајдено мртво во запалена куќа

Следно

Коњановски: Фестивалот „Илинденски денови“ е гордост на Битола и Македонија

Latest from Blog

Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања

„имате многу многу негативни сили кои го покренуваат тоа прашање,  тие покренуваат работи што нема да се случат“, рече Трамп за време на посетата на Ирска. Едно од предупредувањата дојде од поранешен
Go toTop