Мурињо е против: Нови моменти околу најавениот трансфер на Винисиус во Арсенал!

August 2, 2026
1 min read
ФОТО:.facebook.com/RealMadrid/

Една од најголемите трансфер саги ова лето се однесува на Винисиус Жуниор и неговиот потенцијален трансфер од Реал Мадрид во Арсенал. Сега се појавија нови детали околу трансферот на Бразилецот во Лондон и се чини дека „топџиите“ одат на „сè или ништо“.
Како што првично изјави Марио Кортахен, кој е многу близок до Реал, Арсенал сака целосно да ја реконструира својата структура на плати за да го донесе Винисиус во своите редови. Тие сакаат да одат над планираниот „селари кап“ и да му понудат огромен бонус за потпишување, како и правата на ликот. Исто така, актуелниот шампион на Англија јасно стави до знаење дека трансферот на Винисиус може да биде најголемиот досега во Премиер лигата.

На самиот крај се појави информација дека Жозе Мурињо е во контакт со Бразилецот и го гледа како еден од клучните делови од проектот на Реал во следните неколку сезони. Сепак, не е сè најчисто, бидејќи одлуката дали да се остане или да се замине зависи од играчот и од клубот.

Да се потсетиме, договорот на Винисиус со Реал истекува следната година и ако „Лос Бланкос“ планираат да го продадат, мора да го сторат тоа сега или на зима, што е малку веројатно.

Винисиус сè уште не се приклучил на подготовките на тимот. Тој сè уште е на одмор по Светското првенство.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Левица: АСНОМ е стандардот по кој ќе се мери секоја наредна генерација

Следно

БЛОКИРАНИ СМЕТКИТЕ НА КОМАПНИИ НА ТРАМП! Се сомневаат дека се переле пари

Latest from Blog

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако
Go toTop