БЛОКИРАНИ СМЕТКИТЕ НА КОМАПНИИ НА ТРАМП! Се сомневаат дека се переле пари

August 2, 2026
1 min read

Финансиската корпорација „Капитал уан“ (Capitol One) во петокот одговори на тужбата поднесена против неа од страна на Организацијата Трамп за затворање на банкарски сметки во постапка почната пред неколку години.

Банката објасни дека одлуката е донесена по детална ревизија спроведена од нивните експерти за спречување на перење пари.

Ова е прв пат банка официјално да ги поврзе сомневањата за перење пари со бизнисот на семејството на Доналд Трамп, пишува „Гардијан“.

Банката бара отфрлање на тужбата

„Капитал уан“ сега бара од судот да ја отфрли тужбата и ги оспорува тврдењата дека незаконски одбил услуги на Организацијата Трамп од религиозни или политички причини. Банката не ја обвини директно компанијата на Трамп за перење пари, но во судскиот поднесок наведува дека „документите и наводите на самите тужители јасно покажуваат дека „Капитал уан“ ги затворил сметките од причини поврзани со спречувањето на перење пари“.

„Сметките беа затворени по неколкумесечна анализа и внимателна верификација од страна на тимот за борба против перење пари на банката, сè во согласност со внатрешните правила и упатства на регулаторот“, се наведува во документацијата.

Во поднесокот, исто така, се додава дека „шемите на трансакции идентификувани од „Капитал Уан“ спаѓаат во видовите активности за кои предупредуваат федералните банкарски упатства“.

Обвинувања за политичка дискриминација

Организацијата Трамп и синот на претседателот, Ерик Трамп, поднесоа тужба во март 2025 година во федералниот суд во Флорида. Во неа, тие тврдат дека нивните сметки биле затворени поради, како што наведуваат, „разбудените“ верувања на банката и нејзината желба да профитира од политичката клима што се појави по немирите во Капитол на 6 јануари 2021 година.

Како одговор, „Капитал Уан“ рече дека обвинувањата се „лажни“ и „засновани на изолирани цитати извадени од контекст“. Банката објави планови за затворање на повеќе од 300 сметки поврзани со Трамп уште во март 2021 година.

Од почетокот на вториот мандат на Трамп, неговата администрација врши притисок врз некои од најголемите банки, реакција на поплаките од конзервативците дека финансиските институции намерно ја таргетираат политичката десница.

Притисок врз финансискиот сектор

Во август 2025 година, претседателот Трамп потпиша извршна наредба со која се забранува дискриминаторско одбивање на банкарски услуги. Во јануари оваа година, Трамп ја тужеше банката „Џеј Пи Морган Чејс“ од истите причини, што дополнително ги илустрираше затегнатите односи меѓу Волстрит и Белата куќа.

За време на неговиот прв мандат, во 2019 година, Трамп ги тужеше и „Капитал Уан“ и „Дојче Банк“ за да ги спречи да споделуваат финансиски податоци со Конгресот како дел од истрагата што ја водеа демократите во тоа време.

Медиумите во тоа време објавија дека експертите за борба против перење пари во „Дојче Банк“ означиле голем број трансакции како сомнителни, но дека раководителите на банката ги игнорирале. „Дојче Банк“ ги негираше тие обвинувања.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мурињо е против: Нови моменти околу најавениот трансфер на Винисиус во Арсенал!

Следно

Хиберниан поразен дома во очекување на првиот дуел со Шкендија

Latest from Blog

Мурињо е против: Нови моменти околу најавениот трансфер на Винисиус во Арсенал!

ФОТО:.facebook.com/RealMadrid/ Една од најголемите трансфер саги ова лето се однесува на Винисиус Жуниор и неговиот потенцијален трансфер од Реал Мадрид во Арсенал. Сега се појавија нови детали околу трансферот на Бразилецот во

Левица: АСНОМ е стандардот по кој ќе се мери секоја наредна генерација

Делегација на Левица, предводена од потпретседателот на партијата и пратеник Реџеп Исмаил, денеска положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, по повод одбележувањето на Илинден. Во делегацијата беа и

Николоски: Илинден е доказ за вековната борба на македонскиот народ, а денес Македонија ја градиме со проекти, автопати и железници

Од Крушево, градот-симбол на Илинден и македонската државност, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски упати празнична порака по повод 2 Август – Илинден, нагласувајќи дека овој датум претставува симбол
Go toTop