Мнозинството не е стабилизирано, не е зголемено, познавајќи го начинот на кој функционира оваа влада постојано ќе бидат предмет на уцени. Тие не функционираат врз основа на план и програма, да функционира така за овие дополнителни 3 милијарди евра задолжување што се случија ќе имаше крупна капитална инвестиција, а не најголемата пофалба да им биде незавршени два километри автопат кон Косово, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски за „Само интервју“ на Канал 5.
Муцунски истакна дека со оваа влада ќе гледаме индиции за криминал и корупција како што гледаме со договорот поврзан со Бехтел и Енка односно избор на компанија за надзор за коридорот 8 за која и самата влада им укажала на институциите да не соработуваат со неа и излегуваат сега информации дека длабоко поврзана со сомнителен кинески капитал.
– Спорното е самата промена на спецификацијата во сред постапка и спорното за кое индиции е дека една од компаниите кои се дел од конзорциумот е компанија за која оваа иста влада, пред 2 години на сите институции им кажале дека заради незаконски и нерегуларно постапување не треба со оваа компанија да се соработува. Индициите треба да се истражат. Треба да имаме почитување на законите и транспарентност. Сомнежите кои се јавуваат за лица кои имаат корупција и криминал ја загрижуваат јавноста, рече Муцунски.
Муцунски посочи дека оваа влада го презема автопатот Кичево Охрид и не може да го реализира.
– Доколку оваа влада со секој месец нејзин работа ќе имаме нереализирани проекти. Зошто овие 6 години не ги решија предизвиците, немаат капацитет немаат волја. Земаат дополнителни пари и не го решија проблемот, рече Муцунски.
ИЗВОР: kurir.mk