Муцунски: Лицата со аутизам ја имаат нашата поддршка, подготвени сме заеднички да ги надминеме сите предизвици и пречки

April 2, 2023
1 min read

Зградата на детската градинка „Буба Мара“ беше обоена во сина боја, со што Општина Аеродром даде симболична поддршка во одбележување на Светскиот ден за подигнување на свеста за аутизмот.

Градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна потенцираше дека на ваков начин тој како градоначалник и општината праќа силна порака за поддршка на лицата со аутизам и покажуваат подготвеност заеднички да ги надминеме сите предизвици и пречки.

„Осветлувањето на објектите во сина боја е важно за подигнување на свеста за овој проблем, но и начин преку кој даваме поддршка за лицата кои живеат со аутизам и нивните семејства. Сите заеднички неопходно е да правиме многу повеќе – преку инклузивно образование, еднакви можности и средина каде сите ќе бидат еднакво почитувани“, истакна Муцунски во својата објава.

Преку секојдневните активности и проекти, Општина Аеродром активно работи на создаваање институции и заедница кои ќе бидат целосно инклузивни и ќе овозможат еднаков пристап и третман за сите граѓани кои живеат во општината.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Црногорците избираат меѓу Ѓукановиќ и Милатовиќ на вториот круг од претседателските избори

Следно

Во војната загинаа и 262 украински спортисти, изјави украинскиот министер за млади и спорт Вадим Хутсаит

Latest from Blog

Милошоски: СДС нема проблем со мигрантите во Македонија бидејќи не постојат, има проблем со партиските мигранти кои им бегаат во други партии

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Интервју“ вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој истакна дека Македонија и Велика Британија имаат потпишено договор за инвестиции, соработка и проекти,

Новогодишната магија ја обои Битола: улиците и плоштадите во блесок

Битола и кажа добредојде на новогодишната магија. Претпразнично блеснаа улиците, плоштадите, сцените каде и годинава ќе се случува „Зимската приказна“. Нова светлина, нова енергија, нова радост за граѓаните на Битола и сите

На штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ во прва година студираат 180 активни странски студенти

Околу 180 активни студенти во прва година од странство има оваа академска година на Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД) во Штип. Ректорот на УГД –Штип, Дејан Мираковски вели дека студентите од Турција и годинава
Go toTop