МУ ВЛЕЗЕ ПОД КОЖА, ПА СПИЕШЕ СО НЕГО: Целиот свет зборува за жената поради која Кејт Мидлтон наводно ја немаше во јавноста три месеци – изгледа како нејзина копија!

March 23, 2024
1 min read

Кралското семејство деновиве го тресеа бројни скандали, кои вчера паднаа во вода откако принцезата се појави во јавноста и преку видео откри дека боледува од рак.

А во виорот на бројни настани повторно почна да се зборува за наводната долгогодишна љубовница на принцот Вилијам, маркизата од Чолмондели, Роуз Ханбери (39).

Дали принцот Вилијам тргна по љубовните стапки на својот татко? Дали Кејт Мидлтон ја дочека судбината на неговата мајка, принцезата Дијана?

Гласините дека идниот крал на Велика Британија и татко на три деца има љубовница, се шират со години, но последниве денови се вжештија од познати причини.

Приказната беше поттикната од фотографијата од автомобилот на принцот и принцезата од Велс, која беше создадена само еден ден откако беше повлечен контроверзниот портрет на Кејт со нејзините деца.

Во автомобилот со Вилијам можете да видите жена која по логика требаше да биде неговата законска сопруга Кејт, но излегоа тврдења дека не е таа.

Сомнежот падна на маркизата Сара Роуз Ханбери, поранешна манекенка и пријателка на кралската двојка.

Таа има 39 години, работеше во ПР тимот на конзервативниот пратеник Мајкл Гоув како истражувач, но се грижи и за работите на водењето на имотот на нејзиниот сопруг Дејвид Роксвиџ, маркиз од Чамли.

Двојката има три деца, близнаците Александар и Оливер, кои имаат 15 години, и осумгодишната ќерка Ајрис.

Тие живеат во Хоутон Хол во Норфолк, величествено здание со 106 соби. Таа го запознала маркизот Дејвид, кој е 23 години постар од неа, на одмор во Италија во 2003 година. Се венчале шест години подоцна.

Врските на Сара Роуз со британското кралско семејство датираат од одамна: нејзината баба, Лејди Елизабет Ламберт, беше една од деверушите на свадбата на кралицата Елизабета и принцот Филип.

Јасно е дека, како член на највисоката општествена класа, таа е блиска со Виндзорите, особено со помладите членови на династијата.

Десет години се „шушка“ дека Сара Роуз се гледа со Вилијам, а најгласнo се слушнаа во 2019 година, кога Кејт беше бремена со Луис.

Имаше дури и гласини дека Вилијам би можел да биде татко на најмалото дете на Сара.

Но, маркизата присуствуваше на крунисувањето на кралот Чарлс минатиот мај, а потоа беше видена со Кејт на концерт во Виндзор. Вистината е, очигледно, некаде таму.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски, Спасовски, Лукаревска, Филипче, Митрески и Петровска носители на листите на СДСМ

Следно

Марихуаната ќе биде легална во Германија од први април

Latest from Blog

БЕШЕ НАЈУБАВАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ И ЖИВ ОГАН Од седум брака нејзиното темпо најдобро го следел само Ричард Бартон

„Подготвена сум да одам. Не сакам да задоцнам“, ѝ рекла Елизабет Тејлор на медицинската сестра на смртната постела, само неколку минути пред да ги затвори очите и да почине. Тоа било на

ИМААТ РЕЧИСИ ПО 90 ГОДИНИ Најпознатите баби на Инстаграм развијаа „опасен“ бизнис

Две искусни баби од Апулија, во поодмината возраст, станаа ѕвезди на Инстаграм благодарение на своите кулинарски вештини, кои ги „зачинија“ со хумор и добра забава. Искусните раце ги водат прстите на почетниците

Ѓорѓиевски: Дислокацијата на Цементарница не може да се реши преку ноќ, има и останати погони и фабрики кои треба да бидат дислоцирани

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ги поддржува заклучоците усвоени на вчерашната седница на Советот за аерозагадувањето и веќе за неколку дена најавува средба со заменик-министерката за животна средина и со премиерот за
Go toTop