Ковачевски, Спасовски, Лукаревска, Филипче, Митрески и Петровска носители на листите на СДСМ

1 min read

Димитар Ковачевски ги официјализираше фаворитите со кои ќе трча на параламентраниот маратон, му фали уште потврда од конгрес. Како што веќе објави Тв 24, единицата ќе ја носи лидерот Димитар Ковачевски, засилен со Моника Зајкова од ЛДП , во двојакта е Оливер Спосовски со Фатмир Битиќи, тројката е резервирана за заменичката во СДСМ, Сања Лукаревска заедно со Љупчо Николовски, во четворка трча Венко Филипче со Јована Тренчевска, петка собранискиот спикер Јован Митрески со Бисера Костадиновска Стојчевска, во шестка министерката за одбрана Славјанка Петровска, а зад неа е Агрон Демири.

Иако носителските тимови не изненадија никого-има забелешки и несогласување на дел од партсиките членови за листите.

Најмногу несогласувања за високите места за некои кандидати, кои според сопартијците на Ковачевски не заслужиле да се најдат таму. Дарко Каевски кој беше  седми во ИЕ1 побарал да биде тргнат од листа и тоа се случило. Извисија Миле Зечевиќ, Стефан Богоев, Петре Шилегов, Снежана Калевска Ванчева, Александар Баједевски, како и  Викторија Аврамовска Мадиќ-која изминатиов период ги избутка измените на кривичниот законик.

Сепак според раковдоството на СДСМ имало критериуми, а Ковачевски листите пред органите ги правдал со анкети и распоредување од општинските организации.

ТВ 24 денска ги објави интегрално целосните листи на СДСМ

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Гутереш од Рафа: Доста е од овој кошмар без крај во Појасот Газа

Следно

МУ ВЛЕЗЕ ПОД КОЖА, ПА СПИЕШЕ СО НЕГО: Целиот свет зборува за жената поради која Кејт Мидлтон наводно ја немаше во јавноста три месеци – изгледа како нејзина копија!

Latest from Blog