МТСП: За сите лица корисници на право на надоместок заради попреченост е извршена исплата без оглед на возраста

April 5, 2024
2 mins read

Исплата на финансиска поддршка се врши врз основа на евиденцијата на корисници на право на надоместок заради попреченост, при што за сите лица корисници на право на надоместок заради попреченост е извршена исплата без оглед на возраста на корисникот.

Вака одговорија од Министерството за труд и социјална политика за МИА, откако Уставен суд го поништи делот од Законот за финансиска поддршка за социјално ранливи категории со попреченост, од законското решение во декември 2023 година, кој ограничуваше дека ваква поддршка може да се добива до 65-годишна возраст.

Станува збор за член 4 став 1 од Законот, според што, финансиската поддршка изнесува 2.000 денари месечно, за период од пет месеци, започнувајќи од декември 2023 година. Исплатата е започната, а ќе се врши заклучно со месец април.

Вкупниот број лица корисници на правото на надоместок заради попреченост, кои се евидентирани во меснонадлежните центри за социјална работа и на кои им е извршена исплата на финансиска поддршка, изнесува 10.331 корисник.

– Евидентирани корисници на надоместок заради попреченост во месно – надлежните центри за социјална работа, чија возраст е до 65 години старост се 5.502 лица, а над 65 години старост се 4.829 лица, одговорија од МТСП.

Оттаму појаснија дека согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливите категории на граѓани, како корисници на финансиска поддршка, се утврдени неколку категории на социјално ранливи граѓани. Корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост,  самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош,  корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари, ученици од основното, односно средното образование, чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето – плата до 50.000 денари и  студенти кои живеат надвор од местото на студирање.

Од МТСП додадоа дека врз основа на овој закон, е утврдено дека исплатата на финансиската поддршка за корисниците ќе се изврши без поднесување на барање од нивна страна, врз основа на податоците од евиденциите на центрите за социјална работа и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, за остварено право во претходниот месец, од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка.

– По однос на делот „најмногу до 65 годишна возраст“ во член 3 став (1) точка 2 од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливите категории на граѓани („Службен весник “ бр.269/23), посочуваме дека оваа дефиниција е преземена од Законот за социјалната заштита („Службен весник” бр. 104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21, 99/22, 236/22 и 65/23).  Уставниот суд, со одлука У.бр.27/2020 и  У.бр.289/2020 од 01.12.2022 година го укина член 44 став 2 во делот: „најмногу до 65 годишна возраст“, така што правото на надоместок заради попреченост се остварува и користи без оглед на горната возрасна граница на граѓаните, одговорија од МТСП на прашањата од МИА.

Оттаму нагласија дека на овој начин, граѓаните не се ставени во нееднаква положба при остварување на финансиската поддршка од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани. Имено, додадоа, со финансиска поддршка, се стекнуваат сите корисници на правото на надоместок заради попреченост, кои се  евидентирани во центрите за социјална работа и го оствариле ова право во претходниот месец, од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка, без поднесување на барање од страна на корисниците.

Во образложението на одлуката на Уставен суд, меѓу другото, се потсетува дека заради справување со продолжените ефекти од енергетската и ценовната криза, Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 13 декември лани, донесе Закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани.

Според член од тој закон што сега е поништен од Уставен суд, корисници на правото на надоместок заради попреченост се лица со навршена 26-годишна возраст, а најмногу до 65-годишна возраст, со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице, согласно со податоците од евиденцијата на центрите за социјална работа.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Фидан: Туркије побара од членките на НАТО да ја поддржат борбата на Анкара против тероризмот

Следно

Османи и Таравари заборавија на билбордите да напишат и на македонски јазик?  

Latest from Blog

Алијансата на Албанците излегува од Владата – Таравари најави премин во опозиција

По состанокот на Алијансата на Албанците, претседателот Арбен Таравари вечерва на прес-конференција изјави дека ја напуштаат владината коалиција и преминуваат во опозиција. – Денеска Алијансата на Албанците едногласно одлучи да премине во

Брутално убиство во Србија: Во автомобил ја избодел поранешната сопруга

Тело на жена е пронајдено утринава во автомобил во приградска населба во Крагуевац, објавија српските медиуми. Според неофицијални информации, за убиство е осомничен Б.Р., поранешен сопруг на убиената 41-годишна жена. Жената наводно

Салија во 24 анализа: Бараме ние како средно медицински персонал да бидеме препознаени и да имаме наш закон и наша комора

Џеват Салија, медицински техничар од болницата во Гостивар во 24 анализа рече дека, ситуацијата со медицинските сестри е специфична. Според него, најголем проблем е тоа што не се пепознаени и не се

Алијанса за Албанците ја напушта Владата, Таравари: Одлучивме да се вратиме кај народот!

По околу два часа состанок, Алијансата за Албанците донесе одлука да ја напушти владата и да премине во опозиција.  Како што информираше Арбен Таравари, до оваа одлука дошле поради незадоволства, при што ги спомена балансерот и законот за јазиците.  Таравари меѓу другото рече дека ќе му се вратат на граѓанинот и дека Алијанса за Албанците е уникатна партија. ИЗВОР: ТВ 21
Go toTop