МТСП: Државната и јавната администрација во Скопје во среда со скратено работно време, во четврток нема да работат

November 27, 2023
1 min read

реклама


Врз основа на заклучоците донесени на 199 седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 14.11.2023 година, Министерството за труд и социјална политика известува дека :

Сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29-ти ноември 2023 година (среда) ќе работат со скратено работно време до 12:00 часот, а 30-ти ноември 2023 година (четврток) се определува за неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје. Истиот нема да се одработува. 

реклама

Оваа одлука се однесува и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, меѓутоа напоменуваме дека НЕ се однесува на јавните предучилишни установи, здравствените установи и безбедносните служби на подрачјето на градот Скопје. 

Информираме дека истите треба да изработат сопствени планови кои ќе овозможат непречено функционирање на установите. Се препорачува општините на градот Скопје и Градот Скопје да ги спроведат заклучоците . 

реклама

Воедно се препорачува на приватниот сектор на подрачјето на Градот Скопје, а особено во подрачјето на Општина Карпош  и општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „ Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“ да ги спроведат заклучоците.

Ваквата одлука е донесена поради 30-от министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември 2023 година во Скопје во организација на Министерството за надворешни работи.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нема вести за десет лекари што Израел ги зароби во Појасот Газа

Следно

На 27 јануари седница на вонредно изборно Собрание на ДПМ

Latest from Blog

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се

Арсенал тргнува по германски репрезентативец од Премиер лигата

Арсенал сериозно го разгледува Кевин Шаде како потенцијално засилување, а Топчиите би можеле да направат конкретен чекор за германскиот репрезентативец уште во јануарскиот преоден рок. Според информациите, крилниот напаѓач на Брентфорд е

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од
Go toTop