Мцкоски: Новата влада ќе биде формирана наскоро

May 9, 2024
1 min read

Новата влада ќе биде формирана наскоро, рече првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во својот говор при прогласувањето на победата на изборите. Мицкоски рече дека бил и е во комуникација со лидерите на коалицијата Вреди за идната влада и рече дека ќе разговара и со други лидери на опозицијата, не прецизирајќи дали неговиот прв избор ќе биде „ЗНАМ“ или „Левица“.

Комуникацијата со Мицкоски ја потврди и лидерот на Беса, Билал Касами, од плоштадот во Тетово каде ги прославуваше изборните резултати.

„Само што имавме комуникација со претседателот на ВМРО. Веруваме дека штом го имаме првиот конечен резултат од Државната изборна комисија ќе седнеме и ќе разговараме за усогласување на владината програма во наредната 4-годишна влада и веруваме дека со оглед на бројките и сигурно мнозинство, веруваме дека идната влада ќе може многу брзо да се формира“, рече Касами.

На државата и треба стабилност, изјави со заканувачки тон лидерот на ДУИ Али Ахмети на прашањето дали неговата партија е подготвена да оди во опозиција, откако во неколку општини прогласи предност над Вреди. Ахмети го повика Мицкоски сега по кампањата да го остави фолклорот на страна и да размислува за мир во државата.

„Честитки за г. Мицкоски. Утре е 9 мај и да го оставиме фолклоризмот зад нас, да ја оставиме ароганцијата зад нас, и сите да размислуваме за стабилноста на државата, за иднината на државата затоа што само со рационалност можеме да гарантираме стабилност, мир во нашата земја. Нема да правиме непромислени потези… Ми се чини дека не ме разбравте кога кажав дека на државата и треба стабилност, и треба иднина, не треба да се прави математика… гласот на мнозинството во државата треба да се почитува и за ова треба сите да сносиме одговорност“, рече Ахмети.

Долго време се шпекулира дека другата преферирана коалициска опција на Мицкоски, покрај Вреди е партијата „ЗНАМ“ на Максим Димитриевски.

Фатлуме Дервиши

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И најмладиот син на Трамп влегува во политика

Следно

Мицкоски: На партискиот состанок ги поставивме контурите за коалицискиот потенцијал

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop