МРТВ ЌЕ СНИМА ДОКУМЕНТАРЕЦ, ИГРАН ФИЛМ И ТВ-СЕРИЈА ЗА ТОШЕ ПРОЕСКИ ЗА ШТО ВЛАДАТА ЌЕ ДАДЕ МИЛИОН И ПОЛ ЕВРА

December 19, 2024
1 min read

Македонската радио телевизија (МРТВ) во копродукција со некоја од регионалниите ТВ-куќи ќе снима игран филм, ТВ-серија и документарен филм за починатата поп ѕвезда Тоше Проески, проект кој макдонската Влада ќе го поддржи со 95 милиони денари (околу 1,5 милиони евра), објавија министите за култура Зоран Љутков и за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

„Идејата потекна од МРТВ и копродукции од Македонија и Балканот, но секако инспирацијата, иницијативата, главно ја предводеше претседателот на Владата Христијан Мицкоски, и во координација со Министерството за култура и со Министерството за финансии, во експресно брза постапка се обезбедија средства“,  рече Андоновски во гостување на МТВ.

Директорот на МРТВ, Марјан Цветковски ни изјави дека во мај годинава, МРТВ отворила Јавен повик за набавка на програма како тековен дел од својата работа, но сѐ уште никој не се пријавил за овој проект.

„МРТВ ќе биде носител на проектот кој е сѐ уште во рана фаза. Ние имавме разговор со колегите од Радио телевизија Србија и Хрватската радио-телевизија, и можно е некој од нив да биде копродуцент. За нас, засега е најзначајно проектот да го продуцира оној кој ќе добие дозвола од семејството Проески“, ни рече Цветкоски.

Министерот за култура Зоран Љутков на Фејсбук најави дека во следните две години, ќе се снимаат игран филм, документарец и ТВ-серија во неколку продолженија, кои ќе ги прослават животот, делото и мисија на Тоше.

„Согласноста од семејството на Тоше е потврдена, и ние сме подготвени да ја разоткриеме неговата приказна“, рече Љутков.

Славен Ристески, зетот на Тоше Проески ни рече дека семејството Проески дало одобрување за снимање на филмовите и серијата, но рече дека е уште рано да каже со кои продуценти и автори преговарале.

М. ЏАРОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владиката Партениј повикува само на посветеност и молитва – апел кон верниците од Дебарско-кичевската епархија

Следно

Општина Центар за три години го зголеми буџетот за култура од 3 на 13 милиони денари

Latest from Blog

ВЛЕН: Македонија се поврзува со енергетските системи на регионот

Северна Македонија и официјално стана дел од вертикалниот гасен коридор, иницијатива која ги поврзува енергетските системи на земјите од Југоисточна и Централна Европа. Меморандумот во Солун го потпиша директорот на НОМАГАС, Недим

ГОЛЕМА ЕСКАЛАЦИЈА НА ФРОНТОТ – Русија го нападна седиштето на украинското разузнавање

Седиштето на украинската разузнавачка агенција СБУ беше погодено во руски напад со беспилотни летала, при што се издигнаа облаци од црн чад во воздухот во срцето на Киев, пренесува Гардијан. Претседателот на Украина,

Монако го шокираше ПСЖ среде Париз

ФОТО:.facebook.com/asmonaco Европскиот шампион го претрпе првиот пораз оваа сезона во Лига 1, во дербито против Монако, кој фуриозно ја започна новата сезона со сите три победи, и тоа на “Паркот на принцовите“
Go toTop