Можна блокада на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони кон Македонија

February 13, 2024
1 min read

Земјоделците од северна Грција можно е вечерва кусо да го блокираат протокот на камиони на граничниот премин Евзони (Богородица), за да го изразат нивното незадоволство од владините мерки кои се одговор на нивните барања, јави дописничката на МИА од Атина.

Официјално не е познато во кој период би била блокада и колку би траела, а не е исклучена можноста, симболично и кусо целосно да биде блокиран сообраќајот и на автомобили.

Земјоделците од конкретниот регион вчера стигнаа на граничниот премин кон Северна Македонија, каде што ги паркираа тракторите, а нивниот претставник Томас Карипидис за порталот „Идисис“ од Килкис најави неколкучасовно симболично затворање на границата за влез на камиони во Грција.

Земјоделците од Лерин, во моментите додека беше во тек средбата на грчкиот премиер со нивните претставници, од 12 до 16 часот по локално време поставија блокади на граничниот премин Ники (Меџитлија) за сите камиони, а во првиот час од блокадата не поминуваа ниту автомобили.

Земјоделците од цела Грција вечерва или најдоцна до утре ќе одлучат кои ќе бидат нивните следни чекори по денешната средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

По двочасовните разговори, претставниците на земјоделците истакнаа дека не биле исполнети сите нивни барања и не е исклучена можноста дополнително да ги засилат протестите и блокадите.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И децата се соочуваат со проблеми: Кога се тажни, еве како родителите можат да им помогнат

Следно

Израел тврди: Имале докази за тунел под најголемата болница во Газа што го користел Хамас

Latest from Blog

Коњановски: Директниот контакт со граѓаните е клучен за подобри социјални услуги

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, информираше дека присуствувал на настанот „Мобилни социјални пунктови“, организиран од Советот за социјална заштита на Општина Битола во соработка со здруженија на граѓани од градот. Според

Неделен преглед на Македонската берза: Над 76 милиони денари промет и пад на водечките акции

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 06.07.2026 до 10.07.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 76.754.333,27 денари, од кои

По разорниот земјотрес, нова трагедија во Филипини- свлечиште однесе десетина животи (ФОТО)

Еден маж е спасен од урнатините и однесен во болница со сериозни повреди, додека најмалку 115 семејства се евакуирани, соопшти локалната Канцеларија за намалување на ризиците од катастрофи и управување со вонредни
Go toTop